Четиринаесетмесечно дете од Куманово затруено со средство за чистење
Четиринаесетмесечно дете од Куманово се затруло со средство за чистење, соопшти денеска полицијата.
– Вчера во 20:14 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 14-месечено дете од Куманово кое било затруено од средство за чистење- соопшти СВР Куманово.
Полицијата извршила службен разговор со мајката на детето, а увид извршила екипа од СВР Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.