„Њујорк тајмс“ објави детали за свадбата на Тејлор Свифт и Травис Келс


Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, не е единствениот што има лабави усни кога станува збор за долгоочекуваната свадба на Тејлор Свифт. Откако градскиот лидер дозволи да се измолкне дека нејзиниот голем ден и Травис Келс бил еден од многуте „големи настани“ закажани за викендот на 4 јули во Менхетен, сега „Њујорк тајмс“ открива повеќе детали […]

Академијата за административни службеници влегува во завршна фаза на подготовка


Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници не е само нова институција, туку дел од пошироката визија за создавање професионална, ефикасна и современа јавна администрација. Ова беше една од клучните пораки што министерот за јавна администрација Горан Минчев ги упати на денешната тркалезна маса „Идни предизвици при воспоставување и успешно функционирање на Академијата […]

Катастрофа во Венецуела. Можни се илјадници мртви по двата силни земјотреси (видео)


  Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека најмалку 32 лица се потврдени како мртви во двата силни земјотреси што го погодија главниот град Каракас во текот на ноќта, со јачина од 7,5 и 7,2 степени, објави Ројтерс. Според неа, најмалку 700 лица се повредени. „Десетици згради се уништени, во моментов се во тек […]

Родителите на починатите деца од „Пулс“ не сакаат изземање на обвинителката Сарамандова


Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани на денешното рочиште доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово, во знак на револт, откако адвокатите на обвинетите, побараа да се изземе обвинителката Наташа Сарамандова. Александар Наунов, во изјава за медиумите нагласи дека се остава впечаток дека колку повеќе се отвораат […]

Во среда и во сабота само жени може да се капат во базенот во Тетово


Градскиот базен во Тетово воведе посебни термини кога може да се капат само жени и девојки,  јавува СДК.мк. Термините се во среда и сабота од 08:30 до 12:00 часот. „Тие термини се предвидени базенот да го користат само жени и девојки бидејќи не сакале да има мешање со мажи на базенот. Тоа е направено според […]

Дали Ѓорческа ќе се пласира на Вимблдон? Натпреварот почнува во 15.15 часот


Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа денеска во 15.15 часот ќе се соочи со Лусија Бронзети, која во моментов се наоѓа на 127. позиција на ВТА-листата. Победа во тој дуел би значела историски успех и настап на главниот турнир на Вимблдон. Ѓорческа вчера запиша уште еден триумф во квалификациите за Вимблдон и сега е на само […]

И да се обезбедат пари, „Чебрен“ и „Галиште“ нема да може да се изградат без странски компании


Владата и АД ЕСМ се во поодминати разговори со меѓународни финансискии институции за обезбедувањето на околу 1,3-1,5 милијарди евра за проектот „Чебрен“ и „Галиште“, но дури и да се обезбедат финансиите, во нивната изградба ќе треба да се повикаат и странски комапнии. Ова денес, во одговор на пратеничко прашање, во Собранието го изјави премиерот Христијан […]

Филипче му даде „голема нула“ на Мицкоски за владеењето, тој пак му се закани со апсења


  Жесток вербален дуел меѓу лидерот на СДСМ, Венко Филипче и премиерот Христијан Мицкоски се случи денес на седницата за пратенички прашања во Собранието. Филипче го обвини Мицкоски дека резултато од неговото двегодишно владеење е „голема нула“ и дека сѐ што ветил не остварил, на што Мицкоски возврати со „јахтата во Паљури“ и се закани […]

Данела Арсовска прашува: Каде е обвинението против Ганиу за дивоградбите и фалсификатите во Чаир?


Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, побара јавно информација до каде е предметот против Висар Ганиу околу дивоградбите за кои таа доставила обемна документација во Јавното обвинителство. Според неа, Ганиу легализирал објекти врз основа на фалсификувани документи на кои биле наведени лажни потврди и дозволи, со непостоечки броеви во архивата на Град Скопје. Иако […]

Британец ја избодел сопругата 78 пати: „Ми кажуваше како да ги трошам моите пари“


Маж кој им кажал на полицајците дека „се отарасил“ од својата сопруга откако ја избодел 78 пати е прогласен за виновен за нејзиното убиство. Роберт Александар (66) ја убил Кристина Александар (60) во јуни минатата година во нивниот дом во Достил, во близина на Тамворт, и се бранел на суд тврдејќи дека дејствувал во самоодбрана. […]

Реконструкцијата може да заврши како избор на нова влада


 ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ и по синоќешните интезивни разговори не постигнале договор околу тоа кого да реконструираат и во кои ресори. Викендов треба да има уште еден круг разговори, по што, најверојатно, на почетокот од идната недела процесот би требало да се заокружи како формален предлог што премиерот Христијан Мицкоски би го доставил до законодавниот дом. […]

Жичницата и понатаму надвор од функција – сервисот сè уште не е направен


Скопјани, туристите и останатите посетители засега ќе мора да ги користат постојните пристапни патишта за да стигнат до Милениумскиот крст, бидејќи жичницата на Средно Водно сè уште не е вратена во функција. Од ЈСП „Скопје“, кое стопанисува со жичницата, велат дека во тек се сите законски предвидени постапки за реализација на редовниот сервис. „Безбедноста на […]

Време е Македонија да добие национална опсерваторија, Скопското астрономско друштво отвора повик за граѓаните


Скопското астрономско друштво започнува сериозна иницијатива за изградба на современа национална астрономска опсерваторија во Македонија и најавува формирање на отворена работна група во која ќе можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани, студенти, професори, научници, инженери, астрономи, астрофотографи и љубители на науката. Photo by Alex Eckermann on Unsplash   Од друштвото посочуваат дека по повеќемесечна работа на […]

Вињетите во Бугарија поскапуваат за 30 отсто од 1 август


Цените на вињетите во Бугарија се зголемуваат за 30% од 1 август. Зголемување на цените на надоместоците за вињети за 30% од 1 август 2026 година е предвидено со нацрт-уредба за изменување на Тарифата за надоместоци што се собираат за поминување и користење на патната мрежа. Нацртот е објавен за јавна дискусија од страна на Министерството […]

Белград е меѓу најскапите европски градови за самци


Белград го зазема петтото место на листата на градови што се најмалку прифатливи за самци во однос на трошоците за домување, според резултатите од истражувањето за 2026 година на британскиот финансиски портал Tradingpedia. Пристапноста на домувањето останува една од најзабележителните линии на поделба меѓу европските метрополи во 2026 година, заклучува тоа истражување. Лисабон е градот […]

На Урологија презентирана нова метода за откривање микроскопски траги од тумор во крвта


 Нова метода ctDNA (циркулирачка туморска ДНК) – современ пристап кој овозможува откривање на микроскопски траги од тумор во крвта и кога компјутеризираната томографија и магнетната резонанца не покажуваат промени, е презентирана вчера на Универзитетската клиника за урологија, објавија на Фејсбук од таа јавна здравствена установа. Особено значајни резултати, како што се наведува, се покажуваат кај […]

Напнат ручек на Капитол: Викал Трамп, но викал и сенаторот Кесиди


  Републикански сенатор кој го загуби реизборот откако Доналд Трамп го поддржа неговиот противкандидат, рече дека влегол во жестока расправија со претседателот во средата, поради незадоволството во Конгресот поради војната со Иран и барањето на Трамп Републиканската партија да донесе закон со кој ќе се воведат низа нови правила за гласање низ целата земја. Кавгата […]

Јордановска од Дино Баскет ќе учествува ФИБА камп во Турција


Младата кошаркарка од Кочани, Јана Јордановска, член на Баскет Дино доби значајно меѓународно признание откако беше избрана да биде дел од македонската репрезентација до 14 години на престижниот FIBA Youth Development Fund (YDF) камп што се одржува во Чанаккале, Турција. Кампот започна на 22 јуни и ќе трае  до 27 -ми. Таму се присутни најталентираните […]

Нови докази во случајот „Пулс“


 Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Досега, обвинителството презентираше докази за инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на […]

Се осветлува фудбалскиот стадион во Илинден


Општина Илинден продолжува со реализација на активностите за доградба и модернизација на фудбалскиот стадион во населба Илинден, со цел создавање современи услови за развој на спортот и организирање натпревари според највисоки стандарди. Во рамки на тековните градежни активности започна поставувањето на современ систем за осветлување со над 30 рефлектори, кој ќе овозможи одржување на тренинзи […]