Дали Ѓорческа ќе се пласира на Вимблдон? Натпреварот почнува во 15.15 часот


Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа денеска во 15.15 часот ќе се соочи со Лусија Бронзети, која во моментов се наоѓа на 127. позиција на ВТА-листата. Победа во тој дуел би значела историски успех и настап на главниот турнир на Вимблдон.

Ѓорческа вчера запиша уште еден триумф во квалификациите за Вимблдон и сега е на само една победа од пласман во главната жрепка на најпрестижниот турнир на тревна подлога.

Тетовчанката успешно ја мина и втората квалификациска рунда, откако по пресврт ја совлада Франсиска Жорге со 2-1 во сетови (5-7, 6-2, 6-1). Иако го загуби првиот сет, Ѓорческа во продолжението целосно ја презеде контролата на теренот и со сигурна игра стигна до заслужен триумф.