Рокас: Ѝ честитам на Северна Македонија за усвојување на стратегијата и планот за енергетика и за напредокот што го оствари на планот на правична транзиција


 Унијата е засилено фокусирана на имплементација на енергетските планови и испорачување на таргетите и во таа смисла сакам да ѝ честитам на Северна Македонија за усвојување на стратегијата и планост за енергетика и за оној напредок што го оствари на планот на правична транзиција. Ваквите напори се особено важни, многу реформи веќе стануваат применливи, преку […]

Бајрактар: Турција и Русија преговараат за нови испораки на гас по 2026 година


Турција и Русија водат преговори за продолжување на договорот за испорака на природен гас по 2026 година, бидејќи постојните договори истекуваат на крајот од оваа година, потврди денеска турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар на Енергетскиот форум во Баку. Турската државна компанија БОТАС разговара со рускиот енергетски гигант Гаспром за обнова на договорот за увоз […]

Западен Балкан може да произведува 260 терават-часови од обновливи извори за Европа. Тоа е бизнис од 26 милијарди евра годишно, вели Мицкоски


 Предизвиците во најголемата енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026, што се одржува во […]

Топлотниот бран во Велика Британија усмрти 17 луѓе


 Последните денови од мај Велика Британија беше погодена од топлотен бран, што предизвика смрт на 17 луѓе. Во изминатите осум дена во Велика Британија измерени се високи температури на воздухот, поради што граѓаните се разладуваа во морето. Смртни случаи регистрирани се во Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир. На […]

Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029


Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година. Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување  стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти, соопшти Министерството за финансии. […]

Условна казна за членот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја тепаше сопругата


Основниот кривичен суд донесе пресуда врз основа на признание на вина за Р.Р. од Шестата управа, кој бил дел од претходницата на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој беше обвинет за кривичното дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На денешното рочиште обвинетиот ја признал вината, […]

Кошмарното сценарио на Брисел за француските избори се остварува: Бардела наспроти Меланшон


ПАРИЗ – Кошмарното сценарио на Брисел повеќе не изгледа неверојатно: претседателски избори во Франција следната година на кои двајцата кандидати во вториот круг потекнуваат од политичките екстреми и имаат длабоко скептичен став кон ЕУ и НАТО. Џордан Бардела од крајнодесничарскиот Национален собир – националистичката, антиимиграциска партија на Марин Ле Пен – долго време е фаворит […]

Кина им забранува на експертите за вештачка интелигенција да ја напуштат земјата без дозвола од владата


Кина ќе воведе нови регулативи од јули за да ги заостри контролите врз трансакциите во странство што вклучуваат инвестиции, технологија, податоци и национална безбедност, објави официјален Пекинг. Најавата за построгите регулативи дојде еден месец откако Пекинг ѝ наложи на Мета да го откаже преземањето на стартапот за вештачка интелигенција Манус. Новите регулативи треба да стапат […]

Иран пресече: Поради нападите на Израел на Либан, прекинати разговорите со САД


Иран официјално објави дека ја прекинува размената на индиректни пораки со Соединетите Американски Држави поради континуираните израелски воени операции во Појасот Газа и Либан, објавува иранската новинска агенција Тасним. Техеран зазеде цврст став и инсистира дека преговорите со Вашингтон нема да продолжат сè додека Израел целосно не ги запре своите воени операции и не ги […]

Макрон најавува рекорд: 93 милијарди евра инвестиции доаѓаат во Франција


Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник објави рекордни 93 милијарди евра странски инвестиции, од кои поголемиот дел ќе бидат фокусирани на вештачка интелигенција и центри за податоци. Најавата дојде за време на годишниот самит „Избери Франција“ во Версајската палата, на кој учествуваа околу 200 директори од целиот свет. Минатогодишниот настан донесе најави за проекти вредни […]

Неофицијално објавени млекарите кои мамеле за масленоста на производите – таа со 1 отсто е српска?


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни контроли и зема 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз, со цел да се провери дали квалитетот на производите одговара на она што е наведено на декларациите. Според добиените резултати, кај неколку оператори е утврдено дека производите не ги исполнуваат […]

Една од најпрепознатливите стари градски куќи во Охрид е срушена за профит – џабе повиците на СОС Охрид


Една од препознатливите стари градски куќи во Охрид, лоцирана на улицата „Димитар Влахов“, е срушена до темел, иако претходно беше поднесено барање за нејзина итна привремена заштита. Објектот, за кој граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ наведува дека датирал од 1927 година, се наоѓал во непосредна близина на старото градско јадро и со години бил препознаван како […]

Седум и пол години затвор за Вангелица Илијевска од Кратово за убиство на сопругот и на свекорот што ја малтретираа


Седум и пол години казна затвор за Вангелица Илијевска изрече денеска судскиот совет од Основен суд Куманово, откако обвинетата призна вина, а Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ по член 123 во „убиство на миг“ по член 125 од кривичниот законик. Илијевска пред речиси две години на […]

Во која земја работникот задржува најголем дел од бруто платата?


Источна Европа генерално нуди поголема нето заработка при бруто плата од 100.000 евра, додека Западна и Северна Европа генерално покажуваат пониски нето износи на ова ниво на приход. Пресметката на данокот е сложена, а Euronews Business дава приближни проценки. Даночните оптоварувања значително варираат низ цела Европа. Нивото на приход е претежно одлучувачки фактор. Некои земји […]

Масти и масла го отежнуваат процесот на прочистување на отпадните води во Куманово


Граѓаните во Куманово сѐ уште немаат доволно информации за правилно одлагање на отпадните масти и масла, кои често завршуваат во канализацискиот систем и создаваат сериозни проблеми во работата на пречистителната станица, предупредуваат надлежните од ЈП „Водовод“ Куманово. – Мастите и маслата заедно со комуналната отпадна вода стигнуваат до пречистителната станица. Иако имаме третман, тие ги […]

ЕУ „жртвува“во Србија вредности поради геополитички и економски интереси


Истражувањето на Центарот за европски политики (ЦЕП) покажа дека расте скептицизмот кај граѓаните кон членството на Србија во Европската Унија, со оценка дека ЕУ „жртвува“ вредности заради геополитичките и економските интереси во Србија. Тоа беше потенцирано денеска на панелот на ЦЕП во Белград. Од ЦЕП нагласија дека доколку наскоро се одржи референдум за членство, околу […]

Рама тврди дека Кушнер ја купил земјата од приватни сопственици


Албанскиот премиер Еди Рама реагираше за ситуацијата создадена во Звернец, кај Валона, каде што жителите на областа и претставниците на граѓанското општество протестираат против проектот за изградба на луксузен ресорт, кој се поврзува со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека самиот би се придружил на протестот доколку верувал во тврдењата што […]

Евробарометар: Половина од малите компании во ЕУ тешко наоѓаат квалификувани работници надвор од Унијата


Речиси половина од малите и средните претпријатија (МСП) во Европската Унија се соочуваат со тешкотии во наоѓањето работници со соодветни вештини, според новото истражување на Евробарометар. Според податоците, 46 проценти од компаниите изјавиле дека им недостасува квалификуван персонал, додека регрутирањето работници од надвор од ЕУ останува ограничено – само една од седум компании се обидела […]

Славески: Зголемувањето на надоместоците во платниот промет не е оправдано, банките да ги преиспитаат своите одлуки


Гувернерот на Народната банка Трајко Славески изразува загриженост поради најавеното зголемување на надоместоците во платниот промет од страна на неколку банки во земјата, оценувајќи дека во моментот не постојат оправдани причини за ваков потег. – Народната банка е непријатно изненадена од одлуката на дел од банките да ги зголемат надоместоците што ги плаќаат граѓаните и […]

САД ѝ продаваат на Бугарија ракети Ф-16 за речиси една милијарда долари


Пентагон објави дека продава оружје на Бугарија за 957 милиони долари. Главно станува збор за 125 ракети воздух-воздух AIM-120C-8 AMRAAM, пет секции за нивно водење и четири ракети AIM-9X Block II, кои се сметаат за најнапредни за блиска борба. Тие вклучуваат опрема, софтвер, услуги и други елементи. Тие се за бугарските Ф-16 и со нив […]