Условна казна за членот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја тепаше сопругата


Основниот кривичен суд донесе пресуда врз основа на признание на вина за Р.Р. од Шестата управа, кој бил дел од претходницата на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој беше обвинет за кривичното дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На денешното рочиште обвинетиот ја признал вината, по што Судот донел пресуда со која му е изречена условна осуда.

Согласно донесената пресуда, на обвинетиот Р.Р. му е утврдена условна казна затвор во траење од една година и шест месеци. Оваа казна нема да се изврши доколку осудениот во рок од три години не стори ново кривично дело.