Неофицијално објавени млекарите кои мамеле за масленоста на производите – таа со 1 отсто е српска?
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни контроли и зема 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз, со цел да се провери дали квалитетот на производите одговара на она што е наведено на декларациите.
Според добиените резултати, кај неколку оператори е утврдено дека производите не ги исполнуваат пропишаните стандарди, односно содржат помал процент на млечни масти од декларираното. Изречени се казни, но јавноста инсистираше да дознае за кои млекари станва збор.
Кои се млекарите кои на декларациите пишувале неточни податоци и со тоа ги донеле граѓаните во заблуда?
Порталот Курир неофицијално ги пренесува резултатите од вонредните контроли и ги објавија млекарите и добиените резултати.
Млекара Милком, мешан кашкавал, млечни масти по декларација 34.5%, по анализа 30%.
Млекара Маврово, мешано сирење, по декларација 24.5%, по анализа 17.5%.
Млекара Сентис АГ тетово УХТ млеко по декларација 3.2%, по анализа 2.85%. Протеин деклариран 3.5% по анализа 3%. Павлака кисела по декларација млечна маст е 18%, по анализа 14%.
Млекара Ѓорѓиеви, козјо сирење, по декларација 23%, по анализа 16.3% млечна маст. Протеин по декларација 18.8%, по анализа 14.6%.
Млекара ПК Златибор Србија, увоз-златиборско ситно сирење по декларација млечна маст 14.3% по анализа 1.19%.
Млекара Бела фарм производ урда потекло Србија Хомоље, по декларација млечна маст 25%, по анализа 5.54%.
Млекара -Продукт бренд, кравјо сирење по декларација млечна маст 15%, по анализа 11.4%. Протеини 12%, по анализа 15%.
Тетовска млекара, мешано сирење, по декларација 23% ,по анализа 19.8% млечна маст.
Млекара Норд милк, млечна павлака со пиперка позитивна на растителни масти.