Филипче промовира Фронт за слобода и правда


Долготрајната соработка со НСДП, според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е доказ дека  споделуваат еднакви вредносни политики. ​Коалицијата и соработката, најави тој пред денешниот конгрес на НСДП, продолжува и понатаму. -Сега и во една нова форма, во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои […]

Зеленски: Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови кон Украина


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русите само оваа недела лансирале повеќе од 2.300 дронови за напад, речиси 1.560 наведувани воздушни бомби и 108 ракети од различни типови против украинскиот народ. „Во текот на оваа недела, Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови за напад, речиси 1.560 наведувани воздушни бомби и 108 ракети од […]

Нетанјаху стравува дека Трамп ќе склучи договор со Иран на штета на Израел


Во Израел расте загриженоста дека Вашингтон би можел да постигне договор со Техеран кој нема целосно да ги задоволи безбедносните интереси на еврејската држава. Според анализа на Си-Ен-Ен, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху приватно признал дека Израел има ограничено влијание врз текот на американско-иранските преговори, иако јавно избегнува директна критика кон американскиот претседател Доналд Трамп. Извори […]

Приведен жител на Росоман, му се заканувал на градоначалникот


Од МВР информираат дека жител на Росоман бил пријавен за два настани. За едниот бидејќи пијан го нарушил јавниот ред и мир, а во вториот му се заканувал на градоначалникот на Росоман. -На 31.05.2026 во 00:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.А.(35) од Росоман, кој на улица „Пролетерска“ во видно […]

АХВ откри измами, се продавале сирења речиси без маснотии и без млеко


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откри сериозни отстапувања кај дел од млечните производи што се продаваат на домашниот пазар. Кај дел од анализираните примероци е утврдено дека реалниот процент на млечна маст е значително понизок од оној што бил наведен на декларацијата. Во рамки на контролите биле земени 91 мостра од млеко, млечни и […]

Лани биле прислушувани и следени 365 лица


Јавните обвинители лани дале наредба да се користи прислушување на комуникацијата, следење на лица или, пак, тајно снимање во дом и возила и други тајни мерки во дури 44 случаи за кои воделе истрага. Дополнително, вакви мерки се применувале и во 4 други случаи, кои всушност траеле од 2024 година, стои во најновиот извештај на […]

Луксузното одморалиште на Кушнер и Иванка Трамп дочекано со протести во Албанија


Проектот за луксузно одморалиште финансиран од Џаред Кушнер и Иванка Трамп предизвика контроверзии на јужниот брег на Албанија откако започна изградбата во близина на заштитената лагуна Нарта. Жителите и еколошките активисти протестираа против изградбата, судирајќи се со приватните обезбедувачи. Еден демонстрант беше одвлечен од чуварите, додека полицијата, и покрај големото присуство, не интервенираше. Демонстрантите бараат […]

Казни до 200.000 евра за нефер трговски практики


Се подготвуваат построги санкции за компаниите што применуваат нефер трговски практики, а максималните казни би можеле да достигнат и до 200.000 евра. Вакви измени на Законот за нефер трговски практики најавуваат од Министерството за економија и труд, со цел подобра заштита на производителите и добавувачите. Од Министерството посочуваат дека досегашната примена на законот покажала одредени […]

Владата ќе одржи вонредна седница за горивата


Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница на која ќе донесе одлука за делумно продолжување на мерките за цените на горивата. Како што најави вчера премиерот Христијан Мицкоски, досегашната повластена стапка на ДДВ за бензините од 10% ќе се врати на редовните 18%, но граѓаните и натаму ќе добиваат поддршка преку акцизите. Намалените акцизи за […]

Денеска истекува рокот за Реформската агенда, клучните обврски неисполнети


Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска повторно го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека не исполнил уште едно од своите ветувања – дека до 1 јуни ќе бидат заокружени сите 10 точки од Реформската агенда од Планот за раст на Европската Унија. Рокот тоа да биде направено истекува денеска, што покажува дека станува збор за […]

Ковачки ја поздрави партијата на Сали Бериша на албански јазик


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, присуствуваше на националното собрание на Демократската партија на Албанија, каде што кусо во воведот се обрати и на албански јазик, пренесувајќи поздрави од лидерот на партијата и премиер, Христијан Мицкоски. Ковачки соопшти дека присуствувал на настанот на покана од сестринската партија од Република Албанија и нагласил дека иднината на […]

Метеор експлодирал над Масачусетс предизвикувајќи силна експлозиja


Метеор што се движел кон  Земјата експлодирал над североисточните делови на САД, соопшти НАСА, предизвикувајќи експлозии што одекнувале над регионот со сила еквивалентна на експлозија на 300 тони ТНТ. Огнената топка се распаднала над североисточен Масачусетс и југоисточен Њу Хемпшир. Оваа огнена топка не беше поврзана со никаков моментално активен метеорски дожд, но беше природен објект, […]

„Трамп е во одлична здравствена состојба“ и покрај отоците


Доналд Трамп се бори со „отоци на долниот дел од нозете“, како и со „бенигни“ модринки на раката, но останува во одлична здравствена состојба, изјави лекарот на американскиот претседател во меморандум објавен од Белата куќа. Повикувајќи се на резултатите од неодамнешниот преглед, меморандумот од д-р Шон Барбабела вели дека Трамп „останува во одлична здравствена состојба, […]

Вакцината против рак може да ги искорени сите тумори кај пациентите, покажа испитување во Лондон


Лекарите ги поздравија досега „невидените“ резултати од испитување кои покажуваат дека вакцината против рак со тројно дејство може да ги искорени цели тумори кај пациентите.Во меѓународно испитување кое опфаќа 11 земји, инјекцијата им била понудена на пациенти чиј рак се проширил или се вратил и чија болест не реагирала на други третмани. Инјекцијата, наречена амивантамаб, […]

Бугарска пропаганда без граници: Тито бил поголем џелат од Хитлер!


Бугарската пропаганда нема граници. Откако почнаа да и ја пишуваат историјата на Македонија, да ни ги критикуваат внатрешните состојби и да бараат отворање на досиеја за репресии во минатото, откако и се нафрлија на Србија со исти сценарија и закани, сега тргнаа во ширење на невистини за Јосип Броз Тито, место да ја расфетлат улогата […]

Денес меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро


Четвртата меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро ќе започне денеска во 10 часот на плажата кај хотел „Бисер“ во населбата Калишта, а во неа ќе учествуваат нуркачки клубови од земјава, како и гости од Србија и Хрватска. Покрај нив, во акцијата која има за цел зачувување на природните вредности и подигнување на јавната свест […]

Со изведба на „Набуко“ завршуваат „Мајските оперски вечери“


Со изведбата на грандиозната опера „Набуко“ од Џузепе Верди, вечер сцената на Националната опера и балет свечено ќе биде затворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на гостинот од Аргентина, Јерухам Шаровски, во режија на Ренато Бонајуто (Италија). Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио […]

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени, информира Управата за […]

Трамп тврди: Иран се согласил да не развива нуклеарно оружје


САД и Иран наскоро би можеле да постигнат мировен договор, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека ако преговорите не успеат,  обновувањето на непријателствата останува на маса. Во интервју за Фокс њуз, Трамп исто така рече дека Техеран се согласил да не развива, ниту да набавува нуклеарно оружје. „Би сакал да имаме договор, бидејќи […]

Славеа победа и палеа, француската полиција приведе 326 лица (ВИДЕО)


Француската полиција приведе 326 лица за време на немирите што зафатија неколку градови во земјата по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, објави „Ле Фигаро“, повикувајќи се на службеници за спроведување на законот. Вкупно 235 лица беа приведени во метрополитенската област на Париз. Немирите се проширија во Авр, Ажен, Монпелје и Дижон. […]