„Трамп е во одлична здравствена состојба“ и покрај отоците


Доналд Трамп се бори со „отоци на долниот дел од нозете“, како и со „бенигни“ модринки на раката, но останува во одлична здравствена состојба, изјави лекарот на американскиот претседател во меморандум објавен од Белата куќа.

Повикувајќи се на резултатите од неодамнешниот преглед, меморандумот од д-р Шон Барбабела вели дека Трамп „останува во одлична здравствена состојба, покажувајќи силна срцева, белодробна, невролошка и целокупна физичка функција“.

Мемондумот, датиран во вторник , тврди дека претседателот е „целосно способен да ги извршува сите должности“ на претседателството.

Посетата на Трамп на Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ беше негова трета за 13 месеци и четврта во неговото второ претседателствување. Беше внимателно следено, бидејќи Белата куќа во изминатата година мораше да детално ги објасни неколку од здравствените состојби на претседателот откако сликите понекогаш открија отечени глуждови, модринки на рацете и дамки на вратот.

Трамп е најстарата личност некогаш избрана во Белата куќа, со неговиот 80-ти роденден на 14 јуни. Џо Бајден имаше 82 години и се соочи со прашања за неговата ментална острина кога ја напушти Овалната соба пред второто претседателствување на Трамп.

Трамп тврдеше дека „сè е проверено совршено“ кратко време по неговата посета во Волтер Рид.

Во меморандумот на Барбабела се вели дека Трамп имал „благи отоци на долниот дел од нозете… со подобрување од минатата година“. Претседателот, исто така, имал продолжени модринки на рацете опишани како „чести“, „бенигни“ и „конзистентни со мала иритација на меките ткива поврзана со честото ракување во услови на употреба на аспирин за кардиоваскуларна превенција“, додаде Барбабела.

Мемондумот не се осврнува на причината за третман на кожата во март на вратот на претседателот. Исто така, не се вели дека тој бил подложен на уште еден преглед со магнетна резонанца (МРИ) во октомври.

Во меморандумот од Барбабела се вели дека целокупната срцева функција на претседателот е нормална. Се вели дека Трамп имал „сеопфатен невролошки преглед кој покажал нормална ментална состојба“, вклучувајќи и скрининг за депресија и анксиозност.

Во меморандумот пипишува дека Трамп е висок 190 см и тежок 108 кг.

Се додава: „Беше обезбедено превентивно советување, вклучувајќи упатства за исхрана, препорака за земање аспирин во ниска доза, зголемена физичка активност и континуирано губење на тежината“.