Естонската централна банка ги повика граѓаните да чуваат готовина, Полјаците веќе имаат дел од своите заштеди во кеш


Препораките за чување готовина дома првпат се појавија во Естонија, поради ризикот од нарушување на системите за плаќање и трансакции. И покрај ова, истражувањата покажуваат дека употребата на готовина во Естонија се намалува и дека сè поголем број граѓани претпочитаат дигитални плаќања, што е дополнителна причина за привлечноста на централната банка таму. Министерот за финансии […]

Светот преплавен со милиони лажни банкноти


Фалсификувањето пари, една од најстарите криминални активности, во 21 век добива нова димензија преку употреба на софистицирана технологија и државно спонзорирани програми, се наведува во најновите анализи на финансиските институции, пренесува Хина. Според проценките на американското Министерство за финансии, во оптек во секој момент се наоѓаат меѓу 70 и 200 милиони лажни долари, што значи […]

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд


Времето во следните денови, од вторник до четврток, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h, соопшти УХМР.  Во петок […]

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан


Преговорите меѓу Израел и Либан се очекува да започнат во вторник во Вашингтон, соопшти денеска кабинетот на либанскиот претседател Жозеф Аун. Израел инсистира либанската влада да ја преземе одговорноста за разоружување на Хезболах, милитантното движење кое се приклучи во војната како поддршка на Иран. На 8 април, кога беше објавен договорот за прекин на огнот […]

Уапсени четворица разбојници во Скопје, одзеле пари од малолетници во Градскиот парк


Припадници на МВР лишиле од слобода четворица разбојници веднаш по добиената пријава дека во Градскиот парк одзеле пари од малолетници. -На 11.04.2026 околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А. (20), Н.Д.(40) и двајца малолетници од Скопје поради извршени кривични дела „разбојништво“ во близина на фонтаната во Градскиот парк во […]

Без вода дел од село Бардовци


Поради дефект на приклучна цевка на ул.10 во Бардовци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од с.Бардовци. Како што информираат од Дежурно-информативен центар на ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до санирање на дефектот.

Унгарците масовно гласаат, излезноста до 11 часот речиси 38 отсто


На денешните парламентарни избори во Унгарија до 11 часот гласале 37,98 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија. Според податоците објавени на веб-страницата на Националната изборна канцеларија, за гласањето биле регистрирани 7.527.742 избирачи, а до 9 часот излезноста изнесувала 16,89 отсто. Изборите би можеле да стават крај на 16-годишното владеење на популистичкиот премиер Виктор Орбан, […]

Малолетниците во Германија веќе не можат да поседуваат или да купуваат „рајски гас“,


Лицата помлади од 18 години во Германија веќе не можат да поседуваат или да купуваат азотен оксид, познат како „рајски гас“, откако денеска стапи во сила новиот закон, јави ДПА. Супстанцијата сè почесто се користи во Германија како „дрога за забави“, а со новиот закон се забранува купување и поседување азотен оксид за малолетници, додека […]

Париз го собори бројот на учесници на маратон – дури 60 илјади


Во Париз денеска се одржува маратонот и како што пренесуваат француските медиуми ова е трка со рекорден број учесници. Бројката изнесува околу 60.000 и соборен е рекордот од минатата година во Њујорк кога имаше 59.226 учесници. Маратонската трка стартуваше во 7.55 часот со старт на 15 лица со инвалидски колички, а пет минути подоцна тргнаа […]

Најмалку 30 загинати во стампедо на туристичка атракција на Хаити


Најмалку 30 лица загинаа во стампедо на популарна туристичка локација на Хаити, јавија локалните медиуми.   Haiti 🇭🇹 – Cap-Haitien : Drame et décès Ce samedi 11 avril 2026, un incident tragique est survenu à la Citadelle Laferrière, à Milot, lors d’une sortie touristique régionale réunissant de nombreux jeunes. En effet, la foule étant trop […]

Шокантна промена во јужен Јадран


Јадранското Море претрпува промени што беа незамисливи пред неколку децении. Најголемиот биодиверзитет се наоѓа во неговиот јужен дел, по должината на брегот на Црна Гора, но токму таму промените се најизразени денес. На тркалезна маса организирана од Црногорската академија на науките и уметностите, научниот советник на Институтот за морска биологија на Универзитетот во Црна Гора, […]

Полицијата во Њујорк застрела маж кој со мачета нападна патници во метрото


Маж вооружен со мачета повреди три лица на метро-станицата „Гранд сентрал“ (Grand Central) во Њујорк, пред да биде смртно застрелан од полицијата, јави Би-би-си. Напаѓачот повредил 84-годишен маж и 65-годишен маж во пределот на главата и лицето, додека 70-годишна жена се здобила со исеченици на рамото додека била на перонот во метрото. Полицијата соопшти дека […]

Филипче со честитка за Велигден: Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво


Претседателот на СДСМ Венко Филипче им го честита на сите православни верници денешниот голем христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, истакнувајќи дека Велигден е симбол на спасението. -Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања – празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за […]

Мицкоски со честитка по повод Велигден: Само заедно, со меѓусебна почит можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме


Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод најголемиот христијански празник Велигден, посакувајќи здравје, мир и благосостојба во секој дом. -Велигден не е само празник на верата, туку и симбол на надежта, обновата и победата на животот над искушенијата. Тој нè потсетува дека по секоја темнина доаѓа светлина, по секој предизвик – нов почеток, а по […]

Гаши: Велигден е празник што носи пораки на надеж, духовна обнова и зацврстување на вербата во доброто


По повод големиот христијански празник, Велигден, претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до сите граѓани од православна вероисповед со искрени честитки со желби за добро здравје, мир, благосостојба и духовен спокој. -Велигден е празник што носи пораки на надеж, духовна обнова и зацврстување на вербата во доброто, човечноста и заедништвото. Во овие празнични денови, […]

Преговорите меѓу САД и Иран пропаднаа – што ќе се случува понатаму?


Разговараа 21 час. Тоа беше состанок на највисоко ниво меѓу САД и Иран од доаѓањето на власт на револуционерната влада во 70-тите години. Но, на крајот, тоа не беше доволно. Американците први ја објавија својата верзија на настаните пред да се качат во авионот и да тргнат кон дома. – Иранците не сакаа да се […]

Акциите на „Тесла“ паѓаат осма недела по ред


Акциите на „Тесла“ (TSLA) паднаа осма недела по ред, бидејќи компанијата продолжува да се бори да се справи со тешкиот почеток на 2026 година, а приходите од првиот квартал треба да се објават подоцна овој месец. Акциите на „Тесла“, иако малку повисоки во раното тргување во петокот, паднаа за 3,2% оваа недела, објавувајќи осма недела […]

Словенија: Цените на горивата ќе паднат од вторник


Регулираната цена на дизел горивото би можела да падне за околу седум центи на околу 1,82 евра за литар во вторник по неколку недели притисок, пресмета Министерството за финансии. Според нивната централна проценка, бензинот ќе биде поевтин за околу четири центи за литар, а маслото за греење за околу осум центи за литар. Бензинот на […]

Велигденска честитка од Сиљановска-Давкова: Во време на големи искушенија, да истраеме обединети околу вредностите на човекољубието, солидарноста и заемната почит


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници. -Во овие возвишени и благодатни […]

Саудиска Арабија го врати полниот капацитет на нафтоводот „Исток-Запад“ на седум милиони барели дневно


Саудиска Арабија го врати полниот капацитет за пренос на нафта по нафтоводот „Исток-Запад“, кој изнесува околу седум милиони барели дневно, се наведува во денешното соопштение. Енергетските постројки и нафтоводот, кои беа засегнати од нападите за време на конфликтот со Иран, се целосно санирани и го вратија својот оперативен капацитет. Овој нафтовод е од стратешко значење […]