Две воздушни тревоги објавени во Романија во текот на ноќта во близина на границата со Украина


Букурешт – Жителите на северниот дел на романскиот округ Тулча изминатата ноќ добија две предупредувања за опасност преку системот Ro-Alert, откако системите за набљудување забележале групи дронови во близина на романско-украинската граница, пренесува агенцијата Аџерпрес. Првото предупредување било испратено во 02:37 часот по локално време, а второто во 05:08 часот. Во двете известувања, испратени од […]

Одржани протести во Словачка против планот за ограничување на гласачкото право на Словаците во странство


Братислава – Илјадници граѓани излегоа синоќа на протести во Словачка против најавените измени на изборниот закон со кои се предвидува укинување на гласањето по пошта на лицата кои живеат во странство. Протестите беа организирани по повик на повеќе опозициски партии, одржани под мотото „Нема да ни го одземат гласот“. Околу две илјади лица протестираа во Братислава, […]

Папата допатува во Камерун во втората етапа од својата африканска турнеја


Јаунде – Папата Лав XIV денеска пристигна во Камерун, каде ќе се сретне со претседателот Пол Бија во Јаунде, во втората етапа од неговата африканска турнеја. Бија (93) е претседател на оваа западноафриканска земја од 1982 година, а претходно беше премиер. Повеќе од половина од 30-милионското население на Камерун се христијани, од кои една четвртина […]

Заврши вмровскиот аџилак во Будимпешта


Познатиот унгарски новинар и главен уредник на неделникот „Маѓар наранч“, Ендре Бојтар, во неодамнешното интервју за „Независен“ рече дека новата унгарска влада, без разлика дали ќе ја предводи Виктор Орбан или Петер Маѓар, ефикасно ќе одлучи кој ќе биде македонски премиер. „Ако победи Орбан, Груевски веројатно ќе остане во Будимпешта. Но, ако победи Маѓар, тој […]

Гроси изјави дека Северна Кореја го засилува својот нуклеарен капацитет


Сеул – Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека Северна Кореја го засилува својот нуклеарен капацитет. Гроси пред новинарите во Сеул изјави дека нуклеарното набљудувачко тело на ОН утврдило брзо зголемување на активноста во Центарот за нуклеарни истражувања „Јонбјон“, вклучувајќи го петмегаватниот реактор, инсталацијата за преработка, реактор со лесна […]

Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член Ивица Џепароски во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите кани на пристапно предавање на новoизбраниот дописен член на академијата, проф.д-р Ивица (Иван) Џепароски, на тема „Уметноста и институционалната теорија на уметноста“.  Предавањето ќе се одржи во амфитетатарот на МАНУ, денес, 15 април, во 12 часот. Пригодна реч ќе одржи акад. Влада Урошевиќ.

„Центарски улици 4“: Уметност, музика и живи статуи на улица Македонија


На улица Македонија во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“. Како што соопштуваат организаторите, настанот ќе ја претвори улицата во жива сцена на отворено со учество на улични живи статуи од продукцијата Театроск, ликовни уметници (студенти од Универзитетот АУЕ – ФОН) кои ќе создаваат дела во живо, […]

Промоција на романот „Зара Зарина“ од Лилјана Пандева


Промоцијата на романот „Зара Зарина“ од Лилјана Пандева во издание на „ПНВ Публикации“ ќе се одржи денеска во 19 часот во Салон Империјал 2 во Културно информативниот центар – Скопје. „Зара Зарина“ низ испреплетување на минатото и иднината ја раскажува судбината на главниот лик и нејзините родители, допирајќи ги националните, религиозните, традиционалните и современите идентитети. […]

Британски пакет поддршка за Украина, 752 милиони фунти и 120 илјади дронови


Лондон – Велика Британија издвојува нов милионски пакет поддршка за Украина, вклучувајќи и испорака на 120 илјади дронови за потребите на украинската армија. Се очекува британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, денеска од Вашинтон да ја потврди траншата од 752 милиони фунти како дел од кредитот за Украина вреден 3,36 милијарди фунти, наменет за финансирање […]

Си-ен-ен: Северна Македонија, земја за која знаат мал број туристи


Американскиот медиум „Си-ен-ен“ пишува за Северна Македонија, како европска туристичка дестинација, што, според медиумот, е една од оние кои неправедно остануваат во сенка на најпопуларните туристички центри. Во најновото издание на туристичкиот билтен на „Си-ен-ен Травел“, Македонија е опишана како „драматично планинска дестинација“, со природни пејзажи што комбинираат зелени долини и врвови покриени со снег, со сончева […]

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза


Франкфурт – Патниците на Луфтханза се соочуваат со дополнителни нарушувања денеска, бидејќи кабинскиот персонал започна нов дводневен штрајк. Околу 20.000 стјуардеси во Луфтханза и нејзината регионална подружница СитиЛајн штрајкуваат од полноќ. Се очекуваше повторно да бидат откажани стотици летови, особено во главните центри на Луфтханза во Франкфурт и Минхен. Луфтханза се соочува со повторливи индустриски штрајкови […]

Без струја дел од корисниците од Кучково


Без струја денеска ќе останат дел од корисниците на село Кучково, соопшти РЦУК. -Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 15.04.2026 година (среда) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Кучково (Општина Ѓорче Петров), стои во соопштението на РЦУК. 

Излегоа првите два тома од избраните дела на Славе Ѓорѓо Димоски


 Во издание на ПНВ Публикации од Скопје, а со поддршка на Министерството за култура и Општина Охрид од печат излегоа првите два тома од четиритомникот „Избрани дела“ од Славе Ѓорѓо Димоски. Првите два тома се насловени „Поезија“ и „Песни и поеми“ и во нив е поместено целокупното поетско творештво на Димоски. Во првиот том се […]

Најмалку 11 повредени во пожар во Тирана


Тирана – Најмалку 11 лица се повредени во голем пожар што вчера го зафати станбено-деловниот комплекс „Арлис“ во Тирана, а пожарникарските екипи успеаја да го локализираат огнот и да го спречат неговото ширење на околните згради, соопштија локалните надлежни служби. Директорот на Службата за вонредни состојби на Албанија, Арбен Кара, изјави дека пожарот е ставен […]

Градоначалниците на Европските престолнини на културата за 2025 во посета на Скопј – ќе се разменуваат искуства


Во среда, 15 април, претставници на локалните власти од Кемниц (Германија), Горица (Италија) и Нова Горица (Словенија) ќе го посетат Скопје за низа заеднички активности со Градот Скопје, со цел да споделат искуства поврзани со титулата Европска престолнина на културата (ЕПК), која Скопје ќе ја има во 2028 година. Програмата ќе започне во 10 часот со состанок на […]

Без вода делови од улицата Ѓорѓи Абаџиев


 Поради изведување водоводен приклучок ф-80мм на улица Ѓорѓи Абаџиев 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. 

Европскиот шампион ПСЖ и Атлетико Мадрид изборија пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите


Ливерпул/Мадрид – Екипите на ПСЖ и Атлетико Мадрид изборија пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите по синоќешните реванш четвртфинални дуели. Европскиот првак ПСЖ и во реваншот постигна победа против Ливерпул на „Енфилд“ со 2:0 и со вкупни 4:0 го елиминираше англискиот првак. Стрелец на двата гола беше Усама Дембеле во 72 и 90+1 минута. […]

Облачно со повремен локален дожд, температура до 23 степени


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 16 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 15 април 2026 година, 105-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  260 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 54 минути, а ќе зајде во 19 часот и 15 минути. Денов трае 13 часа и 21 минутa. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Ролс-Ројс го претстави најлуксузниот електричен кабриолет, цената „ситница“


Производителот на супер луксузни автомобили Ролс-Ројс се обидува да го извлече најдоброто од електричната енергија и да создаде оптимална комбинација од препознатливо задоволство и вроден луксуз. Додека некои производители се откажуваат од електричните планови, Ролс-Ројс го претстави најлуксузниот кабриолет, цената „ситница“, оди во сосема спротивна насока. Го претстави Project Nightingale, луксузен електричен кабриолет кој изгледа […]