Европскиот шампион ПСЖ и Атлетико Мадрид изборија пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите
Ливерпул/Мадрид – Екипите на ПСЖ и Атлетико Мадрид изборија пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите по синоќешните реванш четвртфинални дуели. Европскиот првак ПСЖ и во реваншот постигна победа против Ливерпул на „Енфилд“ со 2:0 и со вкупни 4:0 го елиминираше англискиот првак. Стрелец на двата гола беше Усама Дембеле во 72 и 90+1 минута.
Во полуфиналето ПСЖ ќе игра со победникот од дуелот Баерн – Реал Мадрид (2:1 прв натпревар).
Во дуелот на шпанските екипи Атлетико Мадрид ја елиминираше Барселона откако синоќа загуби на домашен терен со 2:1, но со вкупни 3:2 избори полуфинале. Барселона поведе со голот на Јамин Јамал во 4. минута, а во 24.минута предноста на Атлетико од првиот дуел беше анулирана откако Феран Торес постигна за 2:0 за „каталонците“. Голот за Атлетико го постигна Адемола Лукман во 31. минута. До крајот на натпреварот немаше гол, но имаше црвен картон кај Барселона за Ерик Гарсија.
Атлетико Мадрид во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот Арсенал – Спортинг (1:0 прв натпревар).
Денес од 21 часот се играат реванш четвртфиналните дуели: Баерн – Реал Мадрид и Арсенал – Спортинг.