Додик: Во следните 30 дена на Федерацијата Босна и Херцеговина ќе и биде предложен договор за мирно раздружување


 Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека во следните 30 дена на Федерацијата на Босна и Херцеговина како страна потписник на Дејтонскиот договор ќе и предложи договор за мирно раздружување, бидејќи српскиот народ повеќе не може да живее во БиХ. -Денеска започнуваме со формална одлука да побараме мирно разграничување, ќе предложиме прво да се […]

Кинотека ќе го реставрира класикот Мис Стон со Олга Спиридоновиќ и Петре Прличко


Кинотека соопшти дека оваа година ќе го реставира филмот МИС СТОН на Жика Митровиќ, во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“ кој е во организација на Европската асоцијација на кинотеки – „ACE – Association des Cinémathèques Européennes“ . На 20 мај Европската асоцијација на кинотеки го претстави годинашното издание на проектот „Сезона на филмски […]

Парламентарното собрание на НАТО започнува утре


На седницата, која ќе трае до 27 мај, ќе се соберат парламентарци од 32 земји членки и 25 земји партнери, а главни теми ќе бидат евроатлантската одбранбена и безбедносна агенда со фокус на поддршката за Украина и приоритетите за самитот на НАТО во јули во Вашингтон, објавија организаторите. На седницата ќе се разговара за извештаите […]

Остра порака на лидерот на ЕПП до ВМРО-ДПМНЕ: „Северна“ мора да се употребува


  Невообичаено остра порака до ВМРО-ДПМНЕ стигна од лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, дека мора да се користи името на државата „Северна Македонија“. „Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба целосно да ги почитува обврзувачките одредби од Преспанскиот договор и доследно да го користи името ‘Северна Македонија’. Почитувањето на меѓународните договори е основен предуслов за […]

Сиљановска телефонски разговарала со Зеленски


  Претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давковa денеска во телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја нагласи „нашата цврста и недвосмислена поддршка кон Украина во однос на неиспровоцираната и неоправдана руска воена агресија“. Осврнувајќи се на меѓународното право, принципите на Повелбата на ОН и Статутот на Советот на Европа, претседателката рече дека украинскиот […]

Како да се заштитите од инсекти – совети од ИЈЗ


 Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) дава практични совети за заштита на населението од инсекти. Иако препораките се наменети за општата популација, значаен дел од истите, во склоп на ингеренциите, како што истакнуваат од Институтот, треба да бидат реализирани и од надлежните институции за комунална хигиена во општините или во Град Скопје. – Правилно отстранете го […]

Кривичен ја одби како неоснована жалбата и го потврди притворот на Наке Георгиев


Кривичниот совет од Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби како неоснована жалбата и го потврди решението за определување 30 дневен притвор на врховниот судија Наке Георгиев. Судот постапувал по жалба на одбраната на осомничениот Георгиев против решение на судија на претходна постапка од 21 мај годинава. – […]

Американска корпорација стара 220 години се дели на три дела


Дупон (DuPont de Nemours), американска мултинационална хемиска компанија која датира од 1802 година, објави дека планира да се подели на три јавно тргувани компании. Компанијата планира да ги расклопи своите бизниси со електроника и вода во свои компании кои се уште не се именувани во трансакција без данок за акционерите. Дупон соопшти дека очекува да […]

ЕУ го казни производителот на „Орео“ и „Тоблероне“ со 338 милиони евра


  Американскиот прехранбен гигант „Монделез“ – производител на бисквитите „Орео“ и чоколадата „Тоблероне“ – се согласи да плати казна од 337,5 милиони евра од Европската комисија за незаконско поткопување на единствениот пазар на ЕУ на помалите национални пазари за да ги одржи високите цени. Единствениот пазар на ЕУ треба да овозможи слободен проток на стоки […]

Еколошките и одржливите карактеристики на комплексот „Гранд Скопје“ претставени пред локални и меѓународни експерти на Конференцијата за недвижности во Скопје


Во рамки на првата фаза од реализацијата на комплексот „Гранд Скопје“ веќе се постигнати 35% зелена површина што е над законскиот минимум од 20% по градежна парцела. Ова е потврда дека при планирањето и изведувањето,„ Гранд Скопје“ ги запазува највисоките стандарди, не само за градба туку и за хумано живеење во урбаните средини. Ова го […]

ФФМ ги објави клубовите што добија лиценца за настап во УЕФА


Одделeнието за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2024/25 во кое се пријавија десет клубови (ФК Струга ТЛ., ФК Македонија ЃП, ФК Работнички, ФК Силекс, ФК Шкендија, ФК Шкупи, ФК АП Брера, ФК […]

Кочани ги смени уличните светилки со ЛЕД и заштеди 23 милиони денари


Позитивна разлика од над 23 милиони денари остварила Општина Кочани во текот на мината година од приходите во однос на трошоците за јавното осветлување во градот и населените места. Во текот на 2023 година од физичките и правните лица врз основа на комуналниот надоместок за јавно осветлување биле наплатени нешто повеќе од 34,4 милиони денари. […]

23 мај во историјата – Се cамоуби шефот на СС групите, Хајнрих Химлер


  На 23 мај 1945 година, Хајнрих Химлер, началник на СС, помошник-началник на Гестапо и архитект на програмата на Хитлер за истребување на европските Евреи, умира со самоубиство еден ден откако бил уапсен од Британците. Како шеф на Waffen-Schutzstaffel (воениот огранок на Нацистичката партија) и помошник началникот на Гестапо (тајната полиција), Химлер со текот на […]

Отворена Лабораторија за квантитативни истражувања во економски и организациони науки при штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“


Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска свечено ја отвори Лабораторијата за квантитативни истражувања во економски и организациони науки при УГД. Проректорот за инвестиции, развој и одржување при УГД-Штип, Дарко Лазаров истакна дека ова е една од серијата лаборатории во рамките на Универзитетот и ќе има едукативна цел за студентите во рамките на сите циклуси […]

СДСМ ќе го избере новиот лидер во јуни


  Досегашната владејачка партија, а од овие избори опозиција ќе ја почне обновата на раководството по тешкиот пораз во јуни. Таква одлука донел Извршниот одбор на партијата на вчерашната седница. На седницата претседателот Димитар Ковачевски ја потврди оставката што ја најави вечерта по гласањето на 8 мај и и иницирал свикување отчетен конгрес. Членовите на […]

Кој е сопственик на Грејсленд, имотот на Елвис Присли?


Мемфис – Бизарната правна битка околу тоа кој всушност е сопственик на имотот на Елвис Присли, Грејсленд, заврши во средата, оставајќи ја легендарната локација во рацете на семејството на кралот на рокенролот. Компанијата, која инсистираше на тоа дека го поседува актот на Грејсленд, рече дека ќе го повлече своето побарување за имотот, објави Асошиетед прес. […]

Дајмон: Американската економија може да доживее тешко приземјување, стагфлацијата e најлошото сценарио


Претседателот и извршен директор на ЈП Морган чејс, Џејми Дајмон, вели дека американската економија би можела да доживее „тешко приземјување“. На прашањето од Си-Ен-Би-Си за можноста за тешко приземјување, Дајмон одговори: „Дали навистина можеме да го видиме? Се разбира, како може некој што чита историја да каже дека нема шанси?“ Извршниот директор зборуваше на глобалниот […]

Властите го истражуваат изворот на кетамин во смртта на Метју Пери


Изворот на кетаминот кој придонесе за смртта на Метју Пери е дел од „отворена истрага“, потврди полицискиот оддел во Лос Анџелес. Ѕвездата на „Пријатели“ почина во октомври 2023 година на 54-годишна возраст од акутни ефекти на кетамин. Пери беше пронајден како не реагира во топла када во неговиот дом во Пацифик Палисадес, Калифорнија. LAPD изјави […]

Шерлок Холмс се врати во Скопје!


Меѓународниот ден на Шерлок Холмс, што се прославува во светски рамки во чест на роденденот на авторот Артур Конан Дојл (22 мај 1859 – 7 јули 1930), беше одбележан и во Скопје. Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (22 мај), во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, се одржа […]

Румен Радев одбил да се сретне со Сиљановска во Рим, но ја поканил во Софија


Бугарскиот претседател Румен Радев одбил да се сретне со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Рим, каде и двајцата се во посета по повод 24 мај, но ја поканил да ја посети Бугарија.  „Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од oбединета Европа со исполнување на сите барања за членство, како […]