Буфон: Доколку би можел да одберам натпревар кој би го одиграл повторно, тоа е финалето на ЕП 2012


Поранешниот голман на Италија и Јувентус, Џанлуиџи Буфон именуваше натпревар кој би сакал да го повтори. – Доколку треба повторно да одиграм еден натпревар во кариерата, би го избрал финалето на ЕП 2012 против Шпанија. Не го заслуживме овој резултат, бевме исцрпени. Не барам изговори, но натпреварот го одигравме во невозможни психофизички услови. Да ни […]

Го помина ли германската економија најлошотот: БДП порасна 0,2 отсто во првиот квартал


Бруто домашниот производ на Германија порасна за 0,2 отсто во првиот квартал од 2024 година во споредба со претходниот, објави во вторникот Федералниот завод за статистика врз основа на прелиминарните податоци. Најголемата европска економија можеби го поминала најлошиот период, велат статистичарите. Германската влада виде повеќе знаци за промена на трендот во својата најнова прогноза. Сепак, […]

Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска


Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 38 минути го погоди подрачјето на градот Слуњ во централна Хрватска, соопшти Сеизмолошката служба. Епицентарот на земјотресот бил на околу 15 километри јужно од Слуњ и на длабочина од 10 километри. Магнитудата на земјотресот изнесувала 4,3 степени според Рихтеровата скала, а […]

Во Шпанија уапсени повеќе од 100 лица поради измама на корисниците на Whats app


Повеќе од 100 лица се уапсени во Шпанија под обвинение дека со измама украле илјадници евра од корисници на апликацијатаWhatsApp, тврдејќи дека се роднини во неволја, објавија денеска шпанските медиуми. Полицијата соопшти дека уапсените биле дел од криминална група која преку оваа измама остварила нелегална добивка од речиси еден милион евра, јавува Би-би-си. Сите уапсени […]

Одржано првото коло од Државното првенство во дресурно јавање


Во организација на Коњичка федерација на Северна Македонија изминатиот викенд се одржа првото коло од отвореното Државно првенство во дерсурно јавање со три натпревари во категорија А, М и ЛМ.   Најуспешна во категоријата деца беше Лија Кајев со грлото Аполо од клубот Анималс. Во категоријата јуниори победи Леона Анушев со грлото Отто од Анималс. […]

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш


Претседателот на Собранието, Јован Митрески од име на пратениците и од негово лично име упати честитки до работниците, до синдикатите и до сите граѓани на државава по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, соопшти собраниската прес-служба. – Денешниот датум е уште една можност да се потсетиме дека почитувањето и соодветното вреднување на трудот на […]

Шојгу наложи да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина


Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу наложи денеска што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во Украина. „За да се задржи темпото на офанзивата и да се зголеми составот на воените групи, неопходно е да се зголеми обемот и квалитетот на испорачаното оружје“, рече Шојгу, соопшти руското Министерство за одбрана. […]

Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона


Сместувачките капацитети на охридско-струшката ривиера за 1 Мај и Велигден се исполнети повеќе од половина, што не ги исполни очекувањата на хотелиерите, но тие очекуваат подобра туристичка сезона во однос на претходните години. Првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески забележа дека најголем дел од домашните гости, празниците ќе ги поминат надвор […]

Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот


Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден. На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе им даде на пензионерите 5.000 денари само првата година. За понатаму не знаат


  За да го исполни изборното ветување за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине сегашната методологија пензиите да се усогласуваат со стапката на инфлација и порастот на просечната плата. Ова го изјави во понеделникот вечерта Гордана Димитриеска-Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ во дебатна емисија на ТВ24. Таа рече дека зголемувањето делумно […]

Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени


Најмалку 19 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CTV. Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град на Гуангдонг, Меижоу. „Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени […]

Првомајска порака на еврокомесарот Шмит: Силна економија е можна само со социјална заштита и работнички права


На 1 мај кога го славиме Меѓународниот ден на трудот, размислуваме за напредокот што ЕУ го постигна во текот на изминатата година во унапредувањето на правата и можностите на работниците во Европа, наведува еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит во пораката по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај. – Европската […]

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и барања упатени до новата влада


Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, се дел од барањата што денеска Сојузот на синдикати ќе ги испорача […]

Основачот на најголемата крипто берза осуден на четири месеци затвор


Основачот на Binance, милијардерот Чангпенг Жао, беше осуден на четири месеци затвор во вторникот, откако се изјасни за виновен за олеснување на перење пари во неговата крипто берза. Казната изречена на Жао во федералниот суд во Сиетл беше значително помала од трите години што федералните обвинители ги бараа за него. Одбраната побара условна казна од […]

Првомајски штрајк и протести во Грција


Најголемите грчки синдикати денеска закажаа штрајк и протести за одбележување на Денот на трудот, иако официјално со министерска одлука првомајскиот празник е поместен за следниот вторник поради Велигден, јави дописничката на МИА од Атина. Денешниот штрајк го организираат синдикатите на вработените во приватниот и државниот сектор и синдикатот на Комунистичката партија, а учествуваат и Здруженијата […]

Јавниот превоз во Скопје денеска по неделен возен ред


 Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, денеска  јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред. Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Од […]

ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено


Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено за Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај. -За првомајскиот празник традиционално граѓаните излегуваат во природа и на излетнички места. Апелираме за внимателност при палење оган на отворено за првомајскиот празник, како и секогаш кога се престојува во природа. Ако […]

На првиот ден од мај променливо облачно и топло, попладне локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје променливо […]

Силјановска мафта со Хашките случаи, за ДУИ тие закани се „пакосни игри“


Продолжуваат реакциите по говорот на кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова, во кој се осврна на војната во 2001. Иако Силјановска пред првиот круг најави дека ќе ги отвори повтори Хашките случаи и ќе им даде медали на бранителите, таа изјава очигледно сега стана податлива за препукување – бидејќи им носи гласови и на ВМРО-ДПМНЕ […]

Ковачевски не прави политички дилови со „вазали“ како Максим Димитриевски


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не прифаќа условувања и со никого нема да прави политички дилови, затоа што ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот митингот во Драчево. „Да одговорам на она писание кое го има напишано субјектот ЗНАМ до јавноста. Прво, раководството […]