Одржано првото коло од Државното првенство во дресурно јавање


Во организација на Коњичка федерација на Северна Македонија изминатиот викенд се одржа првото коло од отвореното Државно првенство во дерсурно јавање со три натпревари во категорија А, М и ЛМ.  

Најуспешна во категоријата деца беше Лија Кајев со грлото Аполо од клубот Анималс.

Во категоријата јуниори победи Леона Анушев со грлото Отто од Анималс.

Леонида Грозадновска исто така од клубот Анимлас со грлата Но Лимит, односно Олимпус Дионис беше единствената која настапи во категориите сениори, односно млади 5 г:Коњи.