Русија го демантира Трамп: Новинарот Гершкович нема да биде ослободен ако тој дојде на власт


  Доналд Трамп во четвртокот се пофали дека брзо ќе го ослободи затворениот американски новинар Еван Гершкович од Русија доколку победи на претседателските избори, но Москва негираше дека разговарала за случајот со републиканскиот кандидат. Поранешниот претседател, кој често изразува воодушевување од Владимир Путин и изрази скептицизам во врска со американската поддршка за Украина, рече дека […]

ДКСК отвориле предмет за проверка на имотот на Бесија Иљази


Во пишаниот одговор од Антикорупција пратен до МИА се потенцира дека причината поради која ДКСК отвора предмет, е во тоа што таа поднела два анкетни листови во кои го навела својот имот – едниот додека била советник во Општина Тетово, а другиот откако станала економска директорка на Клиниката за токсикологија. -Лицето Бесија Иљази на ден […]

Хамас тврди дека го заробила израелскиот полковник, кого Израел го прогласи за загинат на 7 октомври


Радикалната палестинска групација Хамас денеска соопшти дека го заробила израелскиот полковник, кого Израел го прогласи за загинат при терорисичкиот напад на исламистичкото движење на 7 октомври минатата година. Бригадите „Изедин ал Касам“, военото крило на Хамас, соопштија дека полковникот Асаф Хамами бил ранет за време на неговото заробување. Доказ за тоа дека Хамами е кај […]

Барселона има нов тренер


Германскиот тренер Ханси Флик ја презема Барселона, пишува шпанскиот спортски весник As. Поранешниот тренер на Баерн и до неодамна селектор на Германија, Флик, имаше интервју со спортскиот директор на Барселона Дек и членот на спортската комисија Бојан Кркиќ. На тој состанок се договориле Флик да биде тренер на Барселона во следните две сезони, тврди Ас. […]

Трамп тврди дека ако стане претседател, Путин ќе му направи услуга и ќе го ослободи новинарот Гершкович


Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп соопшти денеска дека ќе ги искористи своите врски со претседателот Владимир Путин кој ќе му направи „бесплатна“ услуга и ќе го ослободи Иван Гершкович, новинар на „Волстрит журнал“ кој е во руски затвор веќе 14 месеци. На својата платформа „Трут соушл“ Трамп напиша дека тоа ќе го направи набргу […]

Прво ќе се смени Законот за државна управа, па ќе се формира новата влада, вели Муцунски


Блиску сме до договор со ВРЕДИ, не можам да кажувам детали, но извесно е дека сме блиску до конечен договор и дека до крајот на јуни ќе има нова влада, порача вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.  Нагласи дека комуникацијата дали и ЗНАМ ќе биде дел од новата влада не треба да се води преку […]

Екстремнодесничарските партии од ЕУ ја исклучија Алтернатива за Германија од својата група


  Екстремно десничарската германска партија Алтернатива за Германија (АфД) е исклучена од нејзината паневропска парламентарна група по низата неодамнешни контроверзии околу нејзините политички ставови и однесувањето на некои од нејзините лидери. „Бирото на групата Идентитет и демократија во Европскиот парламент одлучи денеска да ја исклучи германската делегација, АфД, со непосреден ефект“, се вели во соопштението […]

Уапсен петти функционер на руската одбрана поради корупција


  Руските безбедносни сили продолжуваат да го чистат раководството на Министерството за одбрана по оставката на Сергеј Шојгу, кој го водеше одделот 12 години. По четворицата генерали, приведен е и шефот на одделот за обезбедување државни нарачки на Министерството за одбрана, Владимир Вертелецки, јавија воените дописници на Z каналите, а потоа потврдија и Интерфакс и […]

Кулеба: Зборовите на солидарност не пресретнуваат руски ракети


Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, изјави денеска, говорејќи за руските напади врз Харков, дека зборовите на солидарност не пресретнуваат руски ракети. По руските бомбардирања на Харков и Љуботин во регионот Харков, кои резултираа со жртви и уништување, Кулеба ја нагласи потребата од дополнителни ракети за противвоздушна одбрана „Патриот“. Тој изјави дека руските […]

Алпинистот Здравко Дејановиќ имал здравствени проблеми при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите


Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ кој при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите имал проблеми од здравствена природа, е надвор од животна опасност, објави попладнево на Фејсбук, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ). – Во врска со искачувањето на врвот Лотце од страна на Здравко Дејановиќ, ве известуваме дека на барање на неговото семејство, досега […]

Земјотрес од 4,7 степени во централниот дел на Турција


Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди централниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Епицентарот се случил на 33 километри североисточно од градот Чорум, со население околу 180.000, додава EMSC. Земјотресот се случил на длабочина од 13 километри, а засега нема информации за евентуална материјална штета.

Германски медиум плати отштета од 200.000 евра за лажно интервју со Шумахер


 Семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, доби паричен надоместок во износ од 200.000 евра од издавачот на германски магазин кој објави „интервју“ со легендарниот германски возач направен со помош на вештачка интелигенција. Како што денеска јави британската телевизија Скај, портпаролот на семејството ја потврдил пресудата на судот во Минхен и висината […]

Премиерот на Грузија обвини неименуван еврокомесар за уцени и страшни закани


 Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе денеска обвини неименуван еврокомесар за „уцена“ и упатување „ужасна закана“, пред новото гласање во грузискиот парламент за законот за таканареченото „странско влијание“ што го осуди Европската унија и САД, против кој постојано се одржуваат демонстрации и беше ставено вето од претседателката на Грузија. Според Кобахидзе, „европски комесар“ во телефонски разговор ги […]

Спасовски поддржува да им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасошите


Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, на прашањето дали ќе им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасоши со новото име, во „Клик Плус“ на ТВ21 одговори дека би поддржал таква одлука ако се донесе во новата влада. „Тој став на Народниот правобранител е одамна искажан, и ако се сеќаваме и опозицијата […]

Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес


Попладнево околу 16 часот се случила сообраќајна несреќа на едно возило на автопатот од Велес кон Гевгелија кај крстосницата Башино Село, над Велес, потврди за МИА портпаролот на велешката полиција Билјана Ѓаковска. Полициски екипи извршија увид, поради што сообраќајот на автопатот од наплатната станица Сопот кон Гевгелија беше пранасочен на регионалниот пат над Велес. Како […]

Холандските обвинители го истражуваат Букинг за рекламирање сместување во израелските населби


Холандските обвинители разгледуваат кривична пријава против платформата за изнајмување сместувачки капацитети (Букинг) Booking.com за рекламирање имот во израелските населби. Холандската непрофитна организација СОМО (SOMO) соопшти дека поднела жалба до државниот обвинител во ноември заедно со три други групи за човекови права, но дека тоа не било претходно објавено. Во жалбата, групите ја обвинуваат платформата за […]

Генералното собрание на ОН усвои резолуција за Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница


Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Претставници на 84 земји гласаа за усвојување на Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање и сеќавање на геноцидот во Сребреница на пленарниот […]

Колку заработуваат директорите на фирмите од клубот „Седумте величествени“


Компаниите од „Седумте величествени“ – Мајкрософт, Епл, Нвидиа, Алфабет, Амазон, Мета и Тесла – имаат заедничка вредност од речиси 14 билиони долари. Водењето на една од овие големи технолошки фирми значи да се добие прилично голема плата. Вкупниот надоместок на извршниот директор на Епл, Тим Кук, беше 63,2 милиони долари минатата година, на пример, иако […]

Топлотниот бран ги откажа часовите за половина од пакистанските ученици


 Половина од пакистанските ученици нема да одат на училиште една недела бидејќи нацијата презема кризни мерки за да го намали ефектот од серијата топлотни бранови, соопштија денеска властите. Околу 26 милиони ученици ќе останат без часови од сабота во Пенџаб, најнаселената провинција во Пакистан, која нареди училиштата да се затворат за летниот распуст една недела […]

Цената на нафтата се искачи на 83 долари


Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари до 83 долари, бидејќи руската најава за намалување на понудата ги надмина сигналите од американската централна банка дека може да ги зголеми трошоците за задолжување доколку инфлацијата не се намали. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше повисока за 92 центи од вчерашното затворање на […]