Апасиев: СФРЈ беше држава, не владееја за тендери, вработувања и швалерки


Во интервјуто за „Слободен печат”, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, зборуваше за степенот на развој на индустријата во поранешната СФРЈ Југославија, споредено со останатите земји од светот. Тој потсети дека во периодот на социјалистичкото уредување, земјата беше чекор пред најголем дел од европските држави.   „Значи, тоа е една нација во подем (Кина), цивилизација во […]

Сиљановска – Давкова: Св. Кирил и Методиј покажаа дека со знаење може да се надминат ограничувањата


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. -Би сакала да упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Од сè срце ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, љубов и хармонија, […]

Осуммина убиени со напад со нож во Кина


Осум лица загинаа, а едно лице е повредено во напад со нож во централната кинеска провинција Хубеи, соопштија денеска властите. Напаѓачот, 53-годишен маж за кој се вели дека има ментална болест, смртно избодел осум лица и ранил уште едно лице во градот Ксиаоган, јави Синхуа.  Повредениот не е во животна опасност. Полицијата го привела напаѓачот.

Русија сега вели дека ИД стои зад нападот во московската концертна сала


Русија за првпат соопшти дека ИД го координирала нападот во март во концертна сала во Москва, најсмртоносниот терористички напад во земјата во изминатите две децении. „Во текот на истрагата… беше утврдено дека подготовките, финансирањето, нападот и повлекувањето на терористите биле координирани преку интернет од страна на припадници на ИД – Хорасан“, активен огранок на ИД […]

Јовица Михајловски со нова верзија на хитот „Кирилица“ на Влатко Стефановски


  Хитот на Влатко Стефановски – „Кирилица“ доби нова изведба преку интерпретацијата на актерот Јовица Михајловски, специјално за настанот „Боцкаме на Кирилица“ кој се случи во КЦ Бруталиск во Скопје во организација на Трн во чест на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, според кои е именувано нашето кирилично писмо, а кои се […]

Кој е Кир Стармер, следниот британски премиер?


ЛОНДОН – Во британската политика тој се гледа пред се како адвокат – методичен, професионален, добар во детали, но без талент. Но, како што научија противниците на нивна штета, Кеир Стармер има повеќе отколку што изгледа. Ако анкетите се точни – водството на Лабуристичката партија пред владејачките конзервативци во моментов е повеќе од 20 поени […]

Македонија гласаше за резолуцијата за Сребреница


И Македонија гласаше за усвојување на резолуцијата за Сребреница. Нашата држава беше земја коспонзор на предлогот да се донесе резолуцијата на иницијатива на министерот во заминување Бујар Османи. Генералното собрание на Обединетите нации вчера ја усвои резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и се осудува […]

Полицијата упаднала во јахтата на богат Русин, која веќе две години е блокирана во Трогир


Во средата полицијата извршила рација на 92-метарската јахта Royal Romance, која се наоѓа во пристаништето Трогир, пишува Далматински портал. „Ве информираме дека екипажот на јахтата не е уапсен. Бродот е вкотвен во пристаништето во областа Трогир со мерка за ограничување издадена согласно Законот за ограничување, поради што е ставено под За спроведување на оваа мерка […]

Меѓународниот суд на правдата ќе одлучи за барањето за запирање на израелската офанзива врз Рафа


Судиите во највисокиот суд на ОН денеска ќе донесат одлука за барањето на Јужна Африка да му се нареди на Израел да ја запре офанзивата во Рафа и да се повлече од Газа, дел од поширокиот случај во кој Израел е обвиет за геноцид. Јужноафриканските застапници побараа од судот минатата недела итна мерка, нагласувајќи дека […]

Во лизгање на земјиште на Папуа Нова Гвинеја загинаа околу 100 луѓе


Околу 100 луѓе загинаа во лизгање на земјиште во зафрлено село на северот на Папуа Нова Гвинеја, објави денеска австралиската телевизија Еј-Би-Си. Во тек е акција за извлекување на телата на загинатите од одронот што го погоди околу 3 часот наутро по локално време селото Каокалам во провинцијата Енга, соопшти телевизијата. 

Најмалку 14 загинати во пожар во Ханој


 Најмалку 14 лица загинаа и тројца се повредени во пожар во станбена зграда во центарот на Ханој, соопшти полицијата.  Пожарот избувнал синоќа во зграда во густо населен универзитетски кварт. Во дворот на зградата имало работилница за поправка на електрични велосипеди и скутери. Истрагата за причините за пожарот е во тек. 

Милионска казна за телефонски повици со имитација на глас на Бајден со помош на вештачка интелегенција


Со казна од шест милиони долари се соочува политички  консултант кој организирал таканаречени роботски повици со гласот на американскиот претседател Џозеф Бајден за да бидат испратени до граѓаните во американската сојузна држава Њу Хемпшир. Гласот – дело на вештачката интелигенција, беше искористен за да ги одврати гласачите да гласаат за Бајден – објави американската Федерална […]

Државата Њујорк ќе обезбеди финансиска помош за локалните медиуми за вработување и задржување на новинари


 Американската сојузна држава Њујорк нуди до 90 милиони долари даночни кредити на новинските куќи за да ангажираат и задржуваат новинари во обид да помогне во опстанокот на се помалата локална информативна индустрија. Даночниот кредит го намалува износот на данокот што се плаќа и може да помогне да се вратат парите во форма на поврат на […]

Сообраќајот тековно, нема чекања на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено […]

Натпревар во прецизно слетување со едрилица


На Спортскиот аеродром Скопје, денеска со почеток од 12:00 часот, како и утре со почеток од 7:30 часот, ќе се одржи вториот натпревар од Лигата во прецизно слетување со едрилица. Натпреварот е дел од серијата натпревари што ќе се одржат во пет градови ширум земјава – Штип, Скопје, Куманово, Битола и Прилеп. Лигата во прецизно […]

Сиљановска Давкова во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители, попладне на средба со Матарела


Со посета на базиликата „Свети Климент“, каде се наоѓа гробот на Свети Кирил и на базиликата „Санта Марија Марџоре“ денеска во Рим продолжува посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Рим, Сиљановска Давкова ја предводи […]

Многу скоро се очекува да биде објавен договорот за новата влада, Собранието ја закажа конститутивната седница за вторник


 Разговорите за формирање на новата влада се уште траат. Се најавува дека наскоро би можело да биде објавено дека е постигнат конечен договор за влада. Медиумите веќе објавуваат неофицијални информации за поделбата на ресорите и за можниот нов претседател на Собрнаието. За вторник, 28 мај, е закажана конститутивната седница на новиот парламентарен состав, каде најмногу […]

Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска поради државниот празник Св.Кирил и Методиј, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Како што посочуваат од ЈСП Скопје, дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров. Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од […]

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј


Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите. Државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова […]

Претпладне сончево и топло, попладне локално пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, соопшти […]