Во лизгање на земјиште на Папуа Нова Гвинеја загинаа околу 100 луѓе


Околу 100 луѓе загинаа во лизгање на земјиште во зафрлено село на северот на Папуа Нова Гвинеја, објави денеска австралиската телевизија Еј-Би-Си.

Во тек е акција за извлекување на телата на загинатите од одронот што го погоди околу 3 часот наутро по локално време селото Каокалам во провинцијата Енга, соопшти телевизијата.