Мраз нема, ама температурите наутро околу 0 степени Целзиусови


Во текот на следните часови од запад се очекува постепено врнежите да престанат во Македонија, но и ќе има постепено, но не и целосно намалување на облачноста низ државава. Токму поради ова намалување на облачноста, во текот на претстојната ноќ и утре рано наутро ќе биде значително постудено, па така на повеќе места температурите утре […]

Пендаровски: Претседател не може да биде некој што не разликува врховен командант од началник на Генералштаб


Претседателот и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски на денешниот централен митинг со СДСМ и Коалицијата за европска иднина жестоко ја нападна противкандидатката Гордана Силјановска Давкова, додека другите ривали не ги ни спомена. Според Пендаровски претседател на држава не може да биде некој што не разлокува врховен командант од началник на Генералштаб, тврдејќи дека  ВМРО-ДПМНЕ […]

ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров на надојдената Црна Река


Центарот за управување со кризи известува дека од Единствениот број за итни случаи 112 до Секторот за операции и координација, вчера во 17.32 часот добил информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под с. Манастирец во Општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток […]

Ковачевски: Дел од коалициските партнери направија бизнис од етничките прашања


  Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на централниот митинг  пред седиштето на Европската делегација во Скопје упати јасна критика до својот доскорешен коалиционен партнер ДУИ, без да ги именува директно, оценувајќи дека „некои ја преминале црвената линија “. „Јас немам предрасуди и немам ни грам лична и политичка суета, но признавам дека во изминатиот период […]

Мицкоски: Храбра одлука е да се избрише балансерот


  ЕК препорачува да се избрише балансерот, бидејќи тој е за правична застапеност на помалите етнички заедници, кога бил донесен, ја исполнил својата цел, и сега веќе предизвикува повеќе пречки, отколку што има валидност, додадена вредност. Понекогаш во животот треба да правиме и храбри одлуки. Ова е храбра одлука. Ако сакаме државата да се темели […]

Снег паѓа на Стража и во Дебарско


  Студеното и врнежливо време донесе и снег во западниот дел од Македонија. Особено во Дебарско. Снег паѓа и на превојот Стража. Засега снегот не создава проблем во одвивањето на патниот сообраќај. Сепак, се препорачува внимателно возење поради влажните коловози. „Нашите екипи се подготвени доколку има потреба да интервенираат. Имаме доволно абразивен материјал, сол и […]

Левен: Гласајте за СДСМ и Пендаровски, само тие имаат јасен план за Македонија!


  Поранешниот шведски премиер и актуелен лидер на групата на Социјалистичките партии во Европа (ПЕС), Стефан Левен, порача од денешниот митинг пред седиштето на ЕУ во Скопје дека Македонија е пред клучен избор на 24 април и 8 мај и дека СДСМ, Коалицијата „За европска иднина“ и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се единствените што имаат […]

Силјановска ќе ја почитува одлуката на Собранието ако го промени Уставот


  Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, вели дека ќе ја почитува одлуката, ако новиот состав на Собранието го промени Уставот, но дека е невозможно тој да се промени, пред да се распушти овој парламентарен состав. Придавката „северна“ нема да ја користи во обраќањата. На прашањето што ако уставните измени се случат ако таа […]

Во израелски напад на Рафа загинаа 18 Палестинци, од кои 14 деца


  Во израелските напади врз градот Рафа во јужниот дел на Газа во текот на ноќта загинаа 18 лица, меѓу кои 14 деца, соопштија здравствените власти во неделата. Израел извршува речиси секојдневни воздушни напади врз Рафа, каде што повеќе од половина од населението на Газа од 2,3 милиони, побара засолниште од борбите на друго место. […]

Социјалистичка партија го оцени ветувањето за акциите во ЕСМ како „шарена лага“


  Бомбастичната најава на СДСМ дека секој полнолетен граѓанин на Македонија ќе добие по 8.000 денари во акции од ЕСМ Социјалистичката партија на Македонија ја оцени како „шарена лага“ за да привлече гласачи. „За глупавото ветување да биде поголемо и да не се открие перфидната измама што ја смислиле, не го открива сопственикот на 51 отсто […]

Пендаровски со грст пофалби за Филипче: „Да ти е мерак да гласаш за него“


  Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на СДСМ и Коалицијата „За европска иднина“ вчера од Радовиш искажа многу пофалби за носителот на листата во Изборната единица 4, д-р Венко Филипче, нарекувајќи го „човек за кого ти е мерак да гласаш“. Затоа што многу човечки животи се спасени заради интервенциите на неврохирургот, неговите дијагнози и неговите […]

Поранешна манекенка за малку ќе умрела обидувајќи се да го излечи ракот со сокови


Поранешна манекенка која за малку ќе умрела обидувајќи се да го излечи ракот со диета со сокови, предупредува да не се отфрлаат традиционалните медицински совети и да се обидуваат да најдат алтернативни информации на интернет. Ирена Стојнова платила 2.000 фунти за соковници и трошела и до три часа дневно подготвувајќи течни оброци за следниот ден, […]

Пендаровски од Струмица повика на масовна политичка мобилизација


  Коалиции се прават врз основа на исти вредности и приниципи, ако веруваш во принципите и вредностите на пример на Левица, нормално ќе направиш коалиција со нив. Ние сме во коалиција од над 15 партии и таа трае со години и е коалиција базирана на вредности и принципи. Па, мене ме чуди само тајмингот кога […]

Според Силјановска, Пендаровски бил одговорен за „скандалите и криминалите на ДУИ“


  Зборувајќи пред жителите на Делчево на митингот во саботата вечер, претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова рече дека Стево Пендаровски бил еднакво одговорен за „скандалите и криминалите на ДУИ“. „Претседателот воопшто не е невин. Барем дваесетина пати требаше да посегне по ветото кога се носеа лошите закони. Тој, скромно, тоа го стори два пати, а вториот […]

Мицкоски: Повикувањето на единство е супстратот на ВМРО-ДПМНЕ


  Христијан Мицкоски во саботата вечерта од митингот во Делчево објаснуваше зошто повикал на македонско национално единство. „Доколку не повикав на национално обединување би го погазил супстратот и идеологијата на мојата партија, затоа што ВМРО е и Демократска партија за македонско национално единство. Пред сликата на руините и хаосот кој го прави оваа власт, ви […]

21 април во историјата – Основан е Рим


  Според традицијата, на 21 април 753 година п.н.е., Ромул и неговиот брат близнак Рем, го основале Рим на местото каде што како сирачиња биле доени од волчица. Всушност, митот за Ромул и Рем потекнува некаде во четвртиот век п.н.е., а точниот датум на основањето на Рим го поставил римскиот научник Маркус Терентиус Варо во […]

Таравари од Цирих го величеше Курти


  Лидерите на албанската опозиција од коалицијата „Вреди“ по Берлин отидоа во Цирих да водат кампања меѓу дијаспората. Кандидатот за претседател Арбен Таравари рече дека на овие избори Македонија се наоѓа пред многу важен крстопат, а овие избори биле историски затоа што, меѓу другото, Албин Курти му конкурира на Вучиќ, а Македонија по изборите мора […]

Ванковска вели дека Македонија не припаѓа на Европската унија


  „Јас не велам дека ние не припаѓаме на Европа. Напротив, ние припаѓаме на Европа, но не и на Европската унија“, изјави во саботата вечерта претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска, за време на митингот во Битола. Заедно со неа беше и лидерот на партијата Димитар Апасиев. „Ние сме една црвена армија која во среда […]

Претставничкиот дом на САД конечно одобри помош од 61 милијарди долари за Украина


  По неколку месеци застој, Претставничкиот дом на САД конечно одобри воена помош вредна повеќе од 61 милијарди долари за помош на Украина во нејзината очајна одбрана од Русија, како и милијарди за другите сојузници, вклучувајќи ги Израел и Тајван. Во двопартиското гласање, 210 демократи и 101 републиканец се приклучија за да ја поддржат Украина, […]