Светот го одбележува Денот на планетата Земја


Светот денеска го одбележува Денот на планетата Земја, меѓународна иницијатива чија главна цел е да ја подигне свеста кај луѓето за заштита на животната средина и зачувување на планетата. Денот на Земјата се чествува по 55. пат. Тој се слави секој 22 април, а првпат тоа се случило во 1970 година во САД, во организација […]

Најмалку 11 лица исчезнаа во поплавите во кинеската провинција Гуандонг


Најмалку 11 лица ги загубија животите во поплавите предизвикани од обилните дождови кои претходниот ден ја погодија источната кинеска провинција Гуангдонг, јавија британските медиуми. Поради поплавите повеќе од 50.000 луѓе се раселени, соопшти Одделот за управување со вонредни состојби во Гуангдонг, пренесува Чајна дејли. Лошото време најмногу ги погоди градовите Шаогуан, Гуангжу, Хехуан, Џаокинг, Меиџоу […]

Столтенберг: Американската помош за Украина не е задоцнета


Воената помош за Украина во вредност од речиси 61 милијарда долари, која Претставничкиот дом на САД во саботата ја одобри по неколкумесечна расправа, не е задоцнета, но нејзиното одложување имаше реални последици, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, цитиран од ДПА. -Украинците веќе четири месеци се оневозможени да дејствуваат, изјави синоќа Столтенберг во интервју […]

Денеска седница на Советот за безбедност на ОН за Косово


Во Њујорк денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, а Србија и Косово ќе ги претставуваат претседателите Александар Вучиќ и Вјоса Османи. Редовниот шестмесечен извештај за работата на Мисијата на ОН на Косово ќе го […]

Началникот на израелскиот воен штаб одобри продолжување на војната во Газа


Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви ги одобри плановите за продолжување на војната во Газа, соопшти синоќа израелската армија. Халеви синоќа ги „одобри понатамошни чекори“, рече портпаролот на армијата Даниел Хагари. Израелскиот ТВ канал Кан јави дека дел од плановите е воена операција во градот Рафа на југот од енклавата долж границата со […]

Конференција за зелено инженерство и технологии за циркуларна економија


 Конференција за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија ќе се одржува денеска и утре на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје. На конференцијата, како што најавуваат организаторите, ќе учествуваат претставници на науката, бизнис заедницата и на институциите од државата. Освен деканот на ТМФ, Стефан Кувенџиев и професори од Факултетот, […]

Историски успех за сепаратистите во шпанска Баскија


Сепаратистичката левичарска коалиција ЕХ Билду прослави историски успех на вчерашните регионални избори во Баскија. Со преброени околу 95 отсто од гласовите, алијансата, која се залага за независност на регионот на северот на Шпанија, освои 27 места – шест повеќе од последното гласање во 2020 година, кога ЕХ Билду, основана во 2012 година, постигна најдобар резултат […]

Во НУБ „Климент Охридски“ одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право


Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје денеска по повод Светскиот ден на книгата и авторското право го организира традиционалниот настан посветен на чествувањето на книгата, авторите и читателите, со подарување книги и рози во холот на Библиотеката. За време на одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право ќе бидат прочитани […]

Прв средношколски самит за кариерен развој


Во Скопје денеска ќе се одржи првиот средношколки самит за кариерен развој во организација на „Growth Labs Academу“ и во соработка со Сојузот на средношколци. На самитот ќе се разговара за важноста на неформалното образование и континуираното учење, како да се избере идната професија и да се започне кариерата со креирање на силен персонален брендинг. […]

Сончево со локални врнежи дожд


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Скопје, сончево со […]

Последна сесија на Европарламентот пред европските избори, меѓу темите и Механизмот за раст на Западниот Балкан


Најновите случувања на Блискиот Исток, состојбата во Украина и европската поддршка на земјата, измените во правилата на Заедничката земјоделска политика, обвинувањата за обиди за ширење на руско влијание во институциите на ЕУ, ќе бидат меѓу главните теми на кои ќе се расправа на последното пленарно заседание на Европскиот парламент пред одржувањето на изборите за нови […]

Дебатата помина во кажување на познатите ставови на кандидатите


  Она што толку долго се очекуваше – претседателската дебата на сите седум кандидати – вечерва се одржа во студиото на Македонската телевизија, но таа помина без некоја поголема возбуда, без посериозни спротивставувања на аргументи, без искричења во размената на ставовите. Секој од кандидатите ги кажуваше познатите ставови споменати во нивните изборни програми, или во […]

Лидерите од коалицијата „Вреди” на средба со Курти


Претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди”, Арбен Таравари и лидерите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата, Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити имале средба во Приштина со косовскиот премиер Албин Курти. – По големите, величествени собири со албанската дијаспора, дојдовме во Приштина поканети од премиерот на Косово Албин Курти. Неговата поддршка за нашата коалиција на […]

„Тој порасна на гурабии и кекси“: Ахмети му возврати на Мицкоски


  По постојаните напади на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва лидерот на ДУИ од митингот на главниот плоштад во Скопје му порача да внимава што зборува. И дека бил пораснат на гурабии и кекси. Како што јави ТВ 21 Ахмети му возвратил на Мицкоски со овие зборови: „Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам […]

Почина Холанѓанецот кој беше заразен со ковид рекордни 613 дена


Веќе во февруари 2022 година, тој беше заразен со Ковид-19, но оттогаш не може да се ослободи од корона вирусот. Лекарите се обиделе да му помогнат со разни лекови и вакцини, но ништо не помогнало. Вирусот мутирал повеќе од 50 пати во телото на 72-годишниот маж, а некои примероци дури покажале дека вирусот развил отпорност […]

Кинеските градови тонат поради градежништвото и црпењето вода


Речиси половина од големите градови во Кина тонат поради пумпање вода и зголемената тежина на зградите поради нивното проширување, пишува Би-би-си. Некои градови брзо тонат, а секој шести тоне повеќе од 10 мм годишно. Забрзаната урбанизација во Кина во изминатата деценија значи дека се испумпува повеќе вода за да се задоволат потребите на луѓето, велат […]

Голема студија откри како гледањето спорт влијае на среќата и мозокот


Гледањето спортски натпревари го зголемува искуството на благосостојба, ги активира местата во мозокот одговорни за наградување, па дури и ја зголемува густината на сивата материја во овие делови од мозокот на долг рок, според новата, мултиметодолошка студија. Гледањето спорт оди подалеку од забава За многу луѓе, спортот е извор на возбуда, задоволство и релаксација, а […]

Силјановска: 24 април доаѓа како предигра


  На митингот во скопската општина Аеродром претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, зборувајќи дека „нѐ чека тешка битка“ нагласи: „24 април некако доаѓа како предигра, бидејќи тогаш работите ќе се разјаснат. А се разбира, јас мислам дека на 8 мај ќе биде запечатена една тешка, грда фаза од владеењето и ќе започне една нова […]

Академијата за судии и обвинители поднесе тужба до Управен суд по одлуката на ДКСК


  Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) поднесе тужба до Управниот суд, откако во петокот Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) расправаше по втор пат за запирање на постапката за прием на 130 слушатели до завршување на претседателските и парламентарни избори, потврдија за МИА од Академијата за судии и јавни обвинители. На седницата, […]

Пленковиќ кандидат за наследник на Фон дер Лајен? Заинтересиран е


Урсула фон дер Лајен полека ја губи поддршката од конзервативната група европски партии (ЕПП) за нов мандат на чело на Европската комисија, пренесува „Билд“, кој пишува и дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, или грчкиот премиер Киријакос Мицотакис би можел да стане шеф на Европската комисија. – И Пленковиќ и Мицотакис наводно веќе пројавиле интерес за […]