Нормализиран сообраќајот на патот Штип – Кочани


Од 18:35 часот, сообраќајот на патниот правец Штип-Кочани е нормализиран, соопштија од АМСМ. Сообраќајот на овој патен правец од 17.15 часот беше затворен за сообраќај, откако  во 14.25 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.

Баварскиот премиер: Укинете ја одлуката за забрана на автомобили со мотори со внатрешно согорување


Баварскиот премиер Маркус Содер повика, пред изборите за Европскиот парламент во јуни, да се повлече одлуката за забрана на моторите со внатрешно согорување низ ЕУ по 2035 година. „Воведувањето забрана за продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување по 2035 година е погрешно и затоа мора да се укине“, изјави Содер за неделниот весник […]

Предизборен митинг на СДСМ пред зградата на ЕУ во Скопје


Утре, недела, 21.04.2024 година, во 13.00 часот, пред зградата на ЕУ во Скопје, ќе се одржи голем сенароден митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски.   На митингот свои браќања ќе имаат: Стефан Левен -претседател на ПЕС (Партија на европски социјалисти), Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ и Стево […]

Ердоган со лидерот на Хамас во Истанбул: Израел ќе плати за своите злосторства


Истанбул – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска по двоиполчасовниот разговор зад затворени врати во Истанбул со лидерот на палестинската исламистичка група Хамас, Исмаил Ханија, соопшти дека Турција ќе продолжи со дипломатските напори да го привлече вниманието на меѓународната заедница кон угнетувањето на Палестинците и порача дека Израел ќе плати за своите злосторства, соопштено е […]

Спасеновски од „Макпетрол“ меѓу осумте најдобри на светската карате-лига во Каиро


Членот на скопски „Макпетрол“, Петар Спасеновски, се пласира меѓу осумте најдобри спортисти на турнирот од Светската карате-лига во Каиро. На силниот меѓународен собир во Египет, тој го освои првото место во групата со три убедливи победи во елиминацискиот дел. Спасеновски во четвртфиналето загуби од Украинецот Валери Соникин (1-4). Со овој резултат каратистот на „Макпетрол“ се […]

Дали Барон Трамп ќе ја прекине традицијата со изборот на колеџ?


Мајами– Најмладото дете на Трамп ќе го направи својот прв голем чекор во животот: каде ќе посетува колеџ. Веќе подолго време, луѓето се прашуваа дали синот на Доналд Трамп и Меланија Трамп, Барон Трамп, ќе тргне по еден од нивните стапки за време на неговите студентски години. Дали би одел во училиштето Вартон како неговиот […]

Амал Клуни не е „импресионирана“ од новата девојка на Бред Пит, еве зошто


Изворите тврдат дека Амал Клуни не е голем обожавател на девојката на Бред Пит, Инес де Рамон, што може да ги направи работите малку незгодни за нејзиниот сопруг Џорџ Клуни, кој има добро документирано блиско пријателство со Пит. Извор кој тврди дека има инсајдерски сознанија зборуваше исклучиво за In Touch за да наведе дека Амал […]

Утревечер на МРТ 1 – прво и единствено соочување на сите седуммина претседателски кандидати


Првото и единствено предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата ќе се одржи утре (недела, 21 април 2024 г.) на МРТ 1., објави „360 степени“. Сите кандидати за шеф на државата ја прифатиле поканата за дебата. Соочувањето ќе се емитува од 20 часот на првиот канал. Последен што потврди беше актуелниот шеф […]

Народна банка-ММФ: Денарот е стабилен, инфлацијата под контрола


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменик министерот за финансии, Филип Николоски и вицегувернерот Фадил Бајрами се дел македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. На средба со заменик генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, тој констатираше дека Народната банка води соодветни политики, кои придонесуваат за стабилизација на инфлацијата, курсот […]

Војните се проширија во вселената? Израел направи нешто досега невидено


На 14 април, за време на иранскиот баражен напад со беспилотни летала и балистички ракети, Израел изврши т.н. егзоатмосферско, односно вонатмосферско пресретнување. Станува збор за пресретнување што се случило надвор од атмосферата на Земјата која завршува со т.н линијата Карман, која се смета за почеток на универзумот и се протега на височина од околу 100 […]

Принцот Николаос и принцезата Татјана од Грција се разведуваат по 14 години брак


На 19 април канцеларијата на поранешното кралско семејство на Грција сподели објава за разводот на нивната веб-страница. „Принцот Николаос и принцезата Татјана, по четиринаесет години заеднички живот, решија да го раскинат бракот“, се вели во соопштението. „Двајцата ја изразуваат тешкотијата на оваа одлука, длабоката ценење и почит што ја имаат еден за друг, но и […]

„Емирејтс“ и „Флајдубаи“ ги обновија летовите по поплавите во Дубаи


Дубаи – Авиокомпаниите од Дубаи, „Емирејтс“ и „Флајдубаи“, соопштија денеска дека продолжиле со работа откако неделава обилни врнежи предизвикаа поплави ширум Обединетите Арапски Емирати. „Емирејтс“ откажа речиси 400 летови и одложи многу други поради невремето што на 16 април го погоди градот Дубаи, се вели во соопштението објавено од претседателот на авиокомпанијата, Тим Кларк. Поради […]

Естрадата пееше за собирање средства за лекување за малата Кара


Општина Центар организираше музички хуманитарен хепенинг во Парк на Франкофонија каде се собираа средства за лекување на Кара Селовска. Кара има 12 години и е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар. Има сериозни здравствени компликации поради кои е сместена во болница во Барселона, Шпанија. Средствата и се потребни за да ги покрие третманите за дијагностицирање на болеста […]

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер


Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се извршува таков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје, откако првиот пат успешно се реализираше на 11 Април. Според информацијата од Центарот за управување со кризи, […]

Невреме со грмотевици и силен ветер во западна, централна и јужна Турција


Aнкара – Невреме со грмотевици денеска ја зафати западна и централна Турција. Силен дожд врне во многу турски окрузи, вклучувајќи ги Истанбул, Анкара и Анталија. Жолто ниво за опасно време придружено со невреме и обилни врнежи за денеска објави Турската метеоролошка служба за вкупно 45 окрузи во земјата. Во Анкара врне обилен дожд, придружен со […]

Аеродромот во данскиот град Билунд евакуиран по дојава за поставена бомба


Билунд – Аеродромот во данскиот град Билунд денеска е евакуиран по дојава за поставена бомба и еден маж е уапсен, соопшти данската полиција. Летовите на аеродромот се прекинати. На веб-страницата на аеродромот се наведени неколку откажани летови кои требаше да се реализираат попладнево – до Амстердам, Франкфурт и Барселона. Полицијата се обидува да утврди дали […]

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани


 Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа. Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на […]

Ова видео на Тејлор Свифт за 6 часа е прегледано речиси 7 милиони пати


  Тејлор Свифт вчера го објави својот нов албум The Tortured Poets Department, а го објави и спотот за Fortnight, првиот сингл од нејзиниот нов албум, кој беше прегледан речиси 7 милиони пати за 6 часа од неговото објавување. Во спотот Тејлор и Пост Мелоун, кој гостува во синглот, глумат бивши љубовници кои според текстот […]

Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи – пробиен е законскиот рок


Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за застојот во издавање на личните документи образложи дека со доаѓањето на техничката влада, министерот направи некои реформи, познати од само нему некои лични причини, коишто не донесоа никаков резултат. „Според последните сознанија што ги имам и бројките што ги побарав, над 100.000 граѓани ги немаат […]

„Странци насекаде“. Венеција ги отвори портите за светската уметност


Венеција– На официјална церемонија во Венеција денеска беше отворено 60-тото издание на Венециското биенале, кое ќе трае до 24 ноември. Темата на годинашното биенале е „Странци насекаде“. На свеченоста традиционално беа доделени и наградите „Златен лав“. За најдобар национален павилјон статуетката и е доделена на Австралија. Наградата за најдобро претставување на меѓународната изложба ја доби […]