Мицкоски: Храбра одлука е да се избрише балансерот


 

ЕК препорачува да се избрише балансерот, бидејќи тој е за правична застапеност на помалите етнички заедници, кога бил донесен, ја исполнил својата цел, и сега веќе предизвикува повеќе пречки, отколку што има валидност, додадена вредност. Понекогаш во животот треба да правиме и храбри одлуки. Ова е храбра одлука. Ако сакаме државата да се темели на квалитет, а не на етнократија и партократија тогаш да ја водиме во таа насока, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за МИА.

Тој потенцира дека укинувањето на балансерот е ставено и во изборната програма, како ветување и дека тоа се темели на препораките на ЕК.

Тој вели дека имал „помек стомак“ за некои наводи што биле изнесени за него во медиумите.

„Јас како човек немам намера да цензурирам, да вршам притисоци нешто да се објавува или да не се објавува. А за мене се напишани многу лаги. Откако веќе се премина границата, морав да тужам некои од медиумите. Не барам нормално финансиски надомест, но едно извинување должат и некои веќе од нив се извинија за изнесените лаги и клевети и невистини. Јас сум свесен дека ние политичарите мораме да имаме што се вели, помек стомак, да бидеме потолерантни. Јас бев максимално толерантен“, рече Мицкоски.