Снег паѓа на Стража и во Дебарско


Снег во Дебар

 

Студеното и врнежливо време донесе и снег во западниот дел од Македонија. Особено во Дебарско. Снег паѓа и на превојот Стража. Засега снегот не создава проблем во одвивањето на патниот сообраќај. Сепак, се препорачува внимателно возење поради влажните коловози.

„Нашите екипи се подготвени доколку има потреба да интервенираат. Имаме доволно абразивен материјал, сол и песок и нема никаков проблем“, вели Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.