Силјановска ќе ја почитува одлуката на Собранието ако го промени Уставот


 

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, вели дека ќе ја почитува одлуката, ако новиот состав на Собранието го промени Уставот, но дека е невозможно тој да се промени, пред да се распушти овој парламентарен состав. Придавката „северна“ нема да ја користи во обраќањата.

На прашањето што ако уставните измени се случат ако таа е претседател на државата Силјановска вели:

„Се разбира дека ќе го почитувам тоа, бидејќи уставотворен орган е Собранието. Немам проблем“.

Таа е запрашана дали ќе се придржува до изјавата дека нема да ја користи придавката „северна“ во вашите јавни настапи. И како ќе настапува пред меѓународните организации?

„Јас нема да ги тргам таблите со името, бидејќи тука некој потпишал тоа е факт. Нема да ги корнам горе од ‘Вила Водно’, иако не знам колку ми се допаѓа таму да одам. Меѓутоа јас зборувам за себе. Тоа сум го правела и во Венецијанската комисија и во советот на Европа никогаш не сум употребувала ФИРОМ. Тоа е бесмислено. Не сум јас волшебничка па да дојдам од бивша држава. Не сум јас питија. Ама тоа „бивша“ зборува за кумот не го измисливме ние туку тие што ни го наметнаа тоа име. Значи мене ми е бесмислено и ми е нелогично оти Република Северна Македонија има логика ако има Република Јужна Македонија.

„Дали ќе им држите лекции за европско право или ќе ја прифатите реалноста?“ е едно од прашањата.

Не е тоа лекција, тоа е политика, политиката мора да биде во границите на правото инаку не е политика, од античкото општество до денес. Значи, јас сакам да живеам и староста да ја поминам во една пристојна, досадна држава во која ќе има исти принципи како во Брисел или каде било на кое било друго место.