Според Силјановска, Пендаровски бил одговорен за „скандалите и криминалите на ДУИ“


 

Зборувајќи пред жителите на Делчево на митингот во саботата вечер, претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова рече дека Стево Пендаровски бил еднакво одговорен за „скандалите и криминалите на ДУИ“. „Претседателот воопшто не е невин. Барем дваесетина пати требаше да посегне по ветото кога се носеа лошите закони. Тој, скромно, тоа го стори два пати, а вториот пат не по сопствена волја, туку по приговор на Европската унија. Е, па, ако не стави вето на оној скандалозен закон, измени на кривичниот законик, што всушност значеше колективна амнестија тогаш тој е директно одговорен за кршење на Уставот и законите. Ако молчеше додека ДУИ цело време правеше скандали и криминали, тогаш тој е  еднакво одговорен како и ДУИ и оние околу нив“.

Таа рече дека водачот на ДУИ не бил во право кога ги обвинувал дека манифестирале антиалбанско расположение. „Не! Далеку од умот… Далеку од вистината. Не, ние сме против ДУИ, туку сме против оние од ДУИ кои посегнаа по целосна корупција и криминал. Но, граѓаните од албанскиот народ се добредојдени и за соработка и за соживот“.

Она што, според неа го прави специфичен овој натпревар на седумте кандидати за претседател, од една страна е баукот на примитивизмот и  неодговорноста, неосвесноста и непочитувањето на националните и државните интереси. А од друга страна бил нарцизмот меѓу дел од кандидатите, што, според неа, предизвикува поделби и раздор.