Пристигнува големо количество сахарски песок


На самиот крај на  февруари, кој ќе остане климатолошки евидентиран како еден од најтоплите, ако не и најтопли во историјата на мерењата, пристигнува масовна пратка африкански песок. Долгорочната циклогенеза која кон крајот на следната недела ќе се засили во Џеновскиот залив, а која ќе започне со ново пробивање од Атлантикот веќе во понеделник, носи многу […]

Канада воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина


 Канада, во координација со САД и Велика Британија, објави дека воведува санкции за 10 лица и 153 организации поврзани со Русија поради нејзината инвазија на Украина. Санкциите се насочени кон поединци и организации кои ја поддржуваат војната преку финансирање, логистика и нивно избегнување. Списокот вклучува високи функционери во приватни и државни компании регистрирани во Русија […]

САД ставија 14 руски танкери на црната листа


 Американските власти ставија на црната листа 14 руски нафтени танкери за да наметнат ограничување од Западот на цената на суровата нафта што ја продава Москва. Санкциите воведени од Министерството за финансии на САД се насочени кон руската национална компанија „Совкомфлот“. Таа компанија доби рок од 45 дена за истовар на нафта и друг товар од […]

Дел од Општина Карпош без струја


Без електрична енергија денеска од 9:00 до 13:30 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани околу пералната „Smartwash“ на крстосницата меѓу булевар „Илинден“ и булевар „8 Септември“. Нема да работат и семафорите на дадената локација и коисниците лоцирани до Факултетот за драмски уметности (ФДУ).  Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради изведување технички […]

Променливо облачно и топло, до 19 степени


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со локален слаб дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови и во Пелагонија повремено засилен ветер од јужен правец, над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.  Во Скопје […]

Германскиот Бош ќе укине 3.500 работни места до крајот на 2027 година


Германската индустриска компанија Бош планира да укине 3.500 работни места ширум светот до крајот на 2027 година, што ќе влијае на вработените во администрацијата на нејзината подружница BSH специјализирана за апарати за домаќинство, соопштено е денеска. – За да ја зачува својата конкурентност и да ги финансира потребните инвестиции, БСХ мора во голема мера да […]

Ја прислушувал сопругата, заработил милиони преку инсајдерско тргување, но сега го тужи американски регулатор


Тајлер Лаудон, сопруг на вработена во британската нафтена компанија БП, е обвинет за тргување со инсајдери во САД поради користење инсајдерски детали што ги слушнал за време на телефонските повици на неговата сопруга додека таа работела од дома. Американската Комисија за хартии од вредност (SEC) тврди дека Тајлер Лаудон заработил 1,76 милиони долари во незаконски […]

Санадер стана шеф на затворска библиотека


Иво Санадер, поранешен премиер на Хрватска, стана шеф на затворската библиотека во затворот Липовица. Тој не е вработен, туку затвореник, но е задолжен за културното издигнување на затворениците, јавија хрватските медиуми. Поради примерно однесување, но и нарушено здравје, поранешниот премиер Иво Санадер повеќе не е во Реметинац. – Господинот Санадер е во КПУ Липовица неколку […]

Даштевски: Досега пријавени 13 кандидати за претседател на државата


  Покрај актуелниот претседател Стево Пендаровски и кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова, кои чекаат официјално да се кандидираат преку партиите кои ги предлагаат,  уште 11 се пријавени да собираат по 10.000 потписи. Како што изјави претседателот на ДИК Александар Даштевски вечерва, пријавени се уште 11 кандидати за претседател на државата, Вело […]

Девет кандидати, но многу повеќе битки. Ќе има возбудлива кампања


  Лекарот Вело Марковски и граѓанската активистка Мерсиха Смајловиќ од денес ќе имаат херкуловска задача – до 8 март да ги соберат неопходните 10.000 потписи за да можат да бидат и официјални кандидати за претседател на државата на изборите во првиот круг на 24 април. Собирањето потписи не е исто што и лајковите на Фејсбук […]

Украина собори руски „летечки радар“ вреден 300 милиони долари


  Руските воздушни сили по втор пат од почетокот на годината го загубија воздушниот авион за рано предупредување и контрола „А-50“ што е екваливент на американскиот „авакс“. Извидувачкиот авион бил соборен во петокот вечерта над Азовското Море, јавија руските Z-дописниците, а го потврдија и украинските медиуми. Извори на РБЦ-Украина објавија дека авионот вреден повеќе од […]

Киев: Полските претставници не се појавиле на бараните разговори за блокадата на границата


Украинска владина делегација денеска ја посети границата со членката на ЕУ Полска за побарани разговори во врска со протестот и блокадата на товари со украинска стока од полски земјоделци, но на назначеното место немало претставници на Варшава, соопшти премиерот на Украина Денис Шмигал. Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од својот полски колега Анджеј Дуда, премиерот […]

Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да ги запре израелските напади врз Газа и Ерусалим


Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да го запре угнетувањето во Газа и малтретирањето во Ал Кудс (Ерусалим) од страна на Израел, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави Анадолија. – Ќе ги искористиме сите расположливи средства, без исклучок, да го запреме угнетувањето во Газа и малтретирањето во Ал Кудс, рече Ердоган […]

Зградата на МНР осветлена во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија на Украина


Зградата на Министерството за надворешни работи (МНР) вечерва е осветлена во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија на Украина. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во објава на Фејсбук, сподели фотографии и изрази „недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“. – Остануваме на страната на украинскиот народ и […]

Поранешниот лидер на Австрија, Себастијан Курц, осуден за лажење на парламентот


  Австриски суд го прогласи Себастијан Курц, поранешниот канцелар на земјата, за виновен доцна во петокот за давање лажни изјави пред парламентарната истражна комисија, запечатувајќи драматичен пад од милоста на некогашниот Wunderkind  кој многумина некогаш го сметаа за иднината на европскиот конзерватизам. Судијата Михаел Радастикс му изрече осуммесечна условна казна на Курц (37) за измама […]

САД санкционираа двајца српски државјани и четири фирми поради Русија


По повод втората годишнина од инвазијата на Русија на Украина и како одговор на смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, САД во петокот санкционираа повеќе од 500 поединци и компании во Русија и во други делови на светот, меѓу кои се наоѓаат и двајца српски државјани и четири српски фирми, јави дописникот на МИА […]

СДСМ е против претседателот да се бира во Собранието


  Социјалдемократскиот сојуз уште веднаш ги расчисти дилемите дали тој ја поддржува или не идејата на корпусот албански партии, меѓу кои најгласна е ДУИ, претседателот на државата да се бира со двотретинско мнозинство во Собранието. Плус со Бадинтер и плус веројатно да има и заменик-претседател. СДСМ е против таквите идеи. Во официјалното соопштение на партијата […]

Апелација го одби барањето за таткото на Вања да биде ослободен од притовор


Апелациониот суд Скопје го одби барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор. Според Судот, жалбата е неоснована. – Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот КСЖ-170/24, по одржана Јавна седница, на ден 22.2.2024 година, донесе Решение со кое жалбата на осомничениот А.Ѓ., од Скопје, изјавена преку […]

ИЈЗ: Хоспитализирани уште четири деца со голема кашлица


Во периодот од 16 до 22 февруари, пријавени се 28 нови случаи на голема кашлица. Најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје, а пријавени се случаи и во Тетово, Куманово и во Струга. Од новите 28 случаи, четири случаи се хоспитализирани. Станува збор за три деца на возраст под една […]

Бројот на загинати во пожарот во зградата во Валенсија се зголеми на 10


Бројот на загинати во пожар во станбена зграда во Валенсија се зголеми на 10, а градоначалничката Марија Хозе Катала прогласи тридневна жалост во овој град. Весникот „Ел Паис“ наведе дека четири од жртвите се членови на исто семејство – татко, мајка, тригодишна ќерка и новороденче. Шпанскиот центар за итни информации и координација соопшти дека четири […]