САД: Ги поддржуваме сите напори за истрага на корупција во Северна Македонија


Силно ги поддржуваме напорите на Северна Македонија да бара одговорност од оние кои ја злоупотребуваат довербата на јавноста за лична корист, изјави за Гласот на Америка на македонски портпарол на Стејт департментот, на прашање за иницијативата на Министерството за надворешни работи да се санкционираат и дома лицата и субјектите што се ставаат на црната листа […]

САД спречиле кинески хакерски напад врз критична инфраструктура


САД спречија кинеска хакерска операција против критична американска инфраструктура, соопштија претставници на одделот за национална безбедност на Министерството за правда Во операцијата биле вклучени стотици домашни рутери кои хакерите претходно ги користеле за шпионирање. САД и партнерите ја откриле кинеската операција во мај 2023 година, велејќи дека американската војска исто така била цел на шпионирање. […]

Нетанјаху повика на прекин на мисијата на УНРВА


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на прекин на мандатот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), по наводите дека мал број вработени во агенцијата биле вклучени во терористичките напади на Хамас во Израел на 7 октомври. – Мислам дека е време меѓународната заедница и самите ОН да сфатат дека мисијата […]

Кипарската полиција открила 133 лажни венчавки


Кипарската, летонската и португалската полиција уапсија 15 лица поврзани со десетици лажни бракови од интерес на Кипар, остров во источниот дел на Медитеранот, соопшти синоќа кипарската полиција. На 29 јануари во акција на полициската агенција Европол, предводена од кипарската полиција, на Кипар беа уапсени 13 лица, додека истиот ден во Португалија и Латвија беа уапсени […]

Регионалниот пат Велес – Градско затворен за сообраќај од 08 до 16 часот


Поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско ќе биде затворена за сообраќај до 3 февруари во периодот од 08:00 – 16:30 часот, сопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На […]

Почна штрајкот на 11 германски аеродроми


Патниците кои планираат да летаат во или од 11 големи германски аеродроми денеска ќе мора да се снаоѓаат на друг начин, јави ДПА. Персоналот за аеродромска безбедност на аеродромите во Франкфурт, Хамбург, Бремен, Берлин, Лајпциг, Дизелдорф, Келн, Хановер, Штутгарт, Ерфурт и Дрезден почна еднодневен штрајк кој треба да трае до вечерва. Синдикатот Верди го почна […]

Промоција на книгата „Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“


Книгата „Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ вечер, во 18 часот, ќе биде промовирана во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Книгата е приредена од историчарот и професор од Велика Британија Роберт Хадсон и Иван Додовски, професор по критичка теорија и литература на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Книгата […]

Дела на Митриќески, Ташковски, Чемерски, Хаџи-Бошков,…. во Галерија Матица


Во изложбениот салон на Галеријата Матица денеска ќе се отвори нова ликовна продажна изложба на значајни македонски творци од различни генерации. Ќе бидат изложени дела на: Боро Митриќески, Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Петар Хаџи-Бошков, Газанфер Бајрам, Илија Аџиевски, Вангел Наумовски, Ордан Петлевски, Симон Шемов, Павле Кузманоски, Димитар Малиданов, Сергеј Андреевски, Тања Балач, Решат Амети, Ниче […]

Концерт „Чистина“ на Македонска филхармонија со перкусионистката Колева од Бугарија


Оркестарот на Македонска филхармонија вечер ќе го одржи концертот „Чистина“ на кој како солистка ќе настапи перкусионистката Татиана Колева (Холандија/Бугарија), а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија. На програмата се Концерт за маримба, вибрафон и тапан од Емил Табаков кој ќе биде изведен премиерно и Симфонијата бр.2 во Де-дур од Лудвиг ван Бетовен. Концертот […]

Изложба „50 години творештво“ на Ангел Димовски – Чауш


 Во Националната галерија, објектот Чифте амам, вечер, во 19.30 часот, ќе се отвори ретроспективната изложба на Ангел Димовски – Чауш насловена „50 години творештво“. Македонската јавност ќе има можност да се запознае со богатиот творечки опус на овој наш уметник кој повеќе децении живее и работи на релација Северна Македонија – Франција. Делата на Ангел […]

Утрото студено, преку ден до 14 степени


Утрото денеска ќе биде студено, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од […]

Вицепремиерката Грковска на молитвениот појадок во Вашингтон


Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска која е во посета на Соединетите Американски Држави, денеска ќе присуствува на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон. Во рамки на посетата на САД, вицепремиерката Грковска ќе има средба и со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, како и со […]

Специјален Самит на ЕУ посветен на ребалансот на Европскиот буџет и на Блискиот Исток


Среднорочната ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година, која, меѓу другото, вклучува обезбедување средствата за поддршката за Украина и за помош на земјите од Западниот Балкан, како и случувањата во регионот на Блискиот Исток, ќе бидат главна тема на денешниот специјален Европски совет во Брисел, на кој ќе се соберат шефовите […]