Кипарската полиција открила 133 лажни венчавки


Кипарската, летонската и португалската полиција уапсија 15 лица поврзани со десетици лажни бракови од интерес на Кипар, остров во источниот дел на Медитеранот, соопшти синоќа кипарската полиција.

На 29 јануари во акција на полициската агенција Европол, предводена од кипарската полиција, на Кипар беа уапсени 13 лица, додека истиот ден во Португалија и Латвија беа уапсени две лица.

„Истрагата откри докази против голем број луѓе вклучени во 133 лажни бракови на Кипар, вклучувајќи жени од Португалија и Летонија и мажи од Индија, Пакистан и Бангладеш“, соопшти кипарската полиција.

Властите соопштија дека истражуваат заговор за извршување кривично дело, помагање и поттикнување нелегален влез, фалсификување, лажни бракови и принудување на жртвите на лажни бракови со цел да добијат дозволи за престој во Европската унија.