Затворен белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пилотот на „Ер Монтенегро“ добил дојава за бомба


Црногорската авиокомпанија „Ер Монтенегро“ вечерва соопшти дека сообраќајот на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е прекинат поради дојава за бомба во авион на „Ер Монтенегро“. „Дојвата за бомба се случила во моментот кога авионот бил на земја. Авионот го проверуваат безбедносните служби на Република Србија, а патниците и екипажот ќе бидат на безбедно додека не […]

Дали знаете зошто швајцарското сирење има дупки?


Швајцарското сирење секогаш се опишува како сирење со дупчиња. Има цврсто тело, но сладок вкус. Исто така, има многу малку сол во споредба со другите сирења, вели д-р Марк Џонсон, угледен научник од Центарот за истражување на млечни производи на Универзитетот во Висконсин. Првпат е направен во 14 век во Швајцарија, поточно на Алпите. „Тоа […]

Масакр во Газа додека Палестинци чекаа храна и пукањето на израелски војници


  Израелските војници пукаа врз толпата Палестинци кои се тркаа да извлечат храна од хуманитарниот конвој во градот Газа во четвртокот, изјавија очевидци. Повеќе од 100 луѓе загинаа во хаосот, со што бројот на загинати од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас се искачи на повеќе од 30.000, според здравствените власти. Израел рече дека […]

Полска планира во 2025 година да лансира воени сателити за надзор


Полска планира да лансира серија воени сателити за надзор во 2025 година, изјави денеска заменик-министерот за одбрана на земјата Цезари Томчик. „Следната година, како Министерство за одбрана и Армија на Полска, сакаме да ги ставиме нашите први полски сателити во орбитата. Полска планира да набави сателитски систем опремен со радарски и оптички технологии кои ќе […]

Куба за прв пат бара помош од ОН поради недостиг на храна


Властите во Куба за прв пат побараа помош од Светската програма за храна на Обединетите нации поради недостигот на храна во таа островска земја, што е знак за тоа колку е сериозна моменталната кубанска економска криза, јави Би-Би-Си. Светската програма за храна на ОН соопшти дека добиле официјално барање од кубанската Влада за помош во […]

Тошковски со нова драма: Над 100.000 граѓани нема да можат да гласаат на изборите


Над 100.000 граѓани на Република Македонија кои што немаат важечка лична карта, но имаат пасош со старото име на државата, нема да можат да го остварат своето основно право на глас на следните парламентарни и претседателски избори, вели техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски во неговото гостување на ТВ Алфа. „Станува збор за минимум […]

Остин: Израел уби над 25 илјади жени и деца во Газа


Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека над дваесет и пет илјади жени и деца се убиени од Израел од 7 октомври. Шефот на Пентагон додаде дека Израел е способен и должен да стори повеќе за да ги заштити цивилите во енклавата. Остин беше прашан за време на сослушувањето во американскиот Конгрес колку […]

Петровска: Само здружени можеме да се избориме со хибридните закани


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на дебата „Иднината на НАТО и Балканот: Искуства од Естонија“ на која се дискутираше за пренесените естонски искуства во време на руската инвазија на Украина, потребата од заедништво во справувањето со хибридните закани и зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО како Алијанса базирана на вредности и принципи. Петровска, […]

Рекламниот колач за изборите ќе го делат 249 портали


Политички реклами за изборната кампања ќе може да објавуваат 249 интернет портали, 37 телевизии, 35 радија и 11 печатени медиуми. Оваа одлука ја донесе Државната изборна комисија ( ДИК). Со усвојувањето на Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) се отвора просторот за изборно рекламирање на двојните избори (претседателски и парламентарни) кое […]

Новинарка го налути албанскиот премиер Еди Рама


Новинарка денеска го налути албанскиот премиер Еди Рама, кога го праша во кое својство на двата самита, одржани во Тирана, присуствувал и Алекс Сорос. На крајот од прес-конференцијата, со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, новинарката Амброзија Мета го праша Рама „зошто Алекс Сорос мора да биде присутен не само на самитот, туку […]

Едноставен гест на родителите што всушност е една од најважните работи за здрав развој на детето


Едноставен гест што родителите можат да го направат е всушност една од најважните работи за здрав психофизички развој на детето. Се работи за прегратка. Студијата спроведена од Националната детска болница во Охајо покажа дека децата што родителите повеќе ги прегрнуваат се попаметни. Детето кое често добива прегратки е посреќно, позадоволно, посвесно за себе, поинтелигентно, побрзо […]

Израелската армија уби најмалку 104 луѓе додека чекаа хуманитарна помош


 Најмалку 104 луѓе загинаа, а 760 се повредени во денешниот напад на израелските сили јужно од градот Газа. Според очевидци жртвите чекале хуманитарна помош во близина на Довар ал-Наблус. Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ашраф ал-Кудра истакна дека повредените се префрлени во болниците во северниот дел на појасот Газа. Според сведоците, израелските […]

Лидерите од Западен Балкан усвоија заедничка изјава за соработка за Планот за раст


Лидерите од Западен Балкан усвоија заедничка изјава на Конференцијата на високо ниво посветена на Планот за раст на Западен Балкан во Тирана, во насока на понатамошната институционална соработка меѓу државите, со прецизирање на конкретните чекори и иницијативи за реализација на оваа важна цел за квалитетот на живот на граѓаните во целиот регион. Северна Македонија на […]

Уапсен поранешен хрватски министер: Злоупотребил европски пари, требало да сади лалиња


По наредба на Европското јавно обвинителство (ЕЈО), уапсен е Хрвоје Војковиќ, поранешен шеф на Кроација осигурување и министер за економија во владата на Ивица Рачан, јавија хрватските медиуми. Според неофицијални информации, Војковиќ е уапсен за измама со субвенции и фалсификување деловен документ, а се сомнева дека добивал субвенции за садење лалиња кои никогаш не ги […]

Украина собори за три дена уште пет авиони „Су-34“. Како ѝ успева?


  Командантот на украинските воздухопловни сили Николај Олешчук изјави дека украинските вооружени сили собориле уште два авиони „Су-34“ во правците кон Авдиивка и Мариупол. Русија не ги коментираше овие информации. Претходно во четвртокот Олешук пријави уште еден соборен авион. Така, според изјавите на украинската војска, во последните три дена биле соборени пет руски авиони. „Форбс“ […]

Погба: Никогаш не би направил нешто за да ги подобрам своите перформанси преку забранети супстанци


Играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба на „Инстаграм“ ја коментираше денешната четиригодишна суспензија поради допинг. Францускиот фудбалер ја нагласи својата невиност и потврди дека ќе поднесе жалба на, според него, „неправедната казна“. -Денеска бев информиран за одлуката на Националниот антидопинг трибунал и верувам дека пресудата е неточна. Тажен сум, шокиран и со скршено […]

Три дена пред Нова година, малолетник се обидел да убие друг малолетник


Малоелтник од Скопје кривично ќе се гони за „убиство во обид“.  Како што соопштија од полицијата, СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. – На 27.12.2023 на паркинг простор на подрачје на Чаир, пријавениот со остар предмет нанел тешка телесна повреда […]

Бочварски: 120 возачи се на брзата лента за издавање пасоши


Од здруженијата на транспортерите добивме барања за околу 120 возачи за издавање на пасоши на брзата лента, односно дел од нив се во постапка за замена на патните исправи, дел од нив треба да влезат во постапка за промена на патните исправи. Значи, се работи за околу 120 луѓе и ние вчера тие списоци ги […]

Изгласани пакетот закони за платите на избраните и именуваните лица


Пратениците денеска во рамки на 145. пленарна седница ги донесоа измените на шесте закони со кои се намалуваат коефициентите на платите на избраните и именуваните лица.  Со ова, ќе се стопира растот на платите на избраните и именуваните лица, но им останува минатогодишното зголемување од 78 проценти.  Со законските измени се опфатени околу 1.060 избрани […]

Старец од 90 години најден починат во Кочани – имал видливи повреди


Старец на возраст од 90 години бил пронајден мртов во својот дом во Кочани со повреди по телото. Полицијата истражува можно злосторство. На 28.02.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во својот дом бил пронајден починат Ч.М.(90) од Кочани. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со видливи повреди на телото. […]