Бочварски: 120 возачи се на брзата лента за издавање пасоши


Фото: Б. Грданоски

Од здруженијата на транспортерите добивме барања за околу 120 возачи за издавање на пасоши на брзата лента, односно дел од нив се во постапка за замена на патните исправи, дел од нив треба да влезат во постапка за промена на патните исправи. Значи, се работи за околу 120 луѓе и ние вчера тие списоци ги доставивме до МВР и очекувам во рок десетина денови да бидат подготвени и предадени патните исправи на транспортерите, бидејќи тоа е многу заначајно за нив-тоа е нивното работно место и без патна исправа тие не можат да ја вршат својата дејност, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во одговор на новинарско прашање во Струмица на средба со транспортерите од југоистокот на државата.

Министерот истакна дека во фаза на изработка е нова Уредба за фер и праведна поделба на дозволите за транспортерите, која треба да биде подготвена во август-септември годинава за да може да влезе во финална фаза кон крајот на октомври и ноември кога се врши распределбата на дозволите за наредната година. Притоа, Бочварски подвлече дека е зголемен бројот на ЦЕМТ дозволите од 1.440 на 1.680, а тука се и месечните доаволи кои се распределуваат на превозниците и најважно е што ниту една транспортсна компанија во ниоту еден период од годината не останала без дозвола.

 

Преставниците на превозниците веќе поднеле предлози за измени на Уредбата, а до Владата ќе поднесат барање и за промена на одлуката за висината на дневницата за службени патувања на превозниците, бидејќи со постоечката Уредба за службени патувања се врши диксиминација оти не им се признавале нивните трошоци за услугата за нивниот превоз.

-Бараме да се зголеми и квотата за вработување на странци како професионални возачи, бидејќи таа квота, која е 5 отсто од реално вработеното население во државата, најчесто се искористува од градежниот сектор и многу малку останува да се искористат од превозниците, односно нашиот сектор, каде имаме голема потреба, изјави Сања Милошевска од „Макам транс“.