Старец од 90 години најден починат во Кочани – имал видливи повреди


Старец на возраст од 90 години бил пронајден мртов во својот дом во Кочани со повреди по телото. Полицијата истражува можно злосторство.

На 28.02.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во својот дом бил пронајден починат Ч.М.(90) од Кочани. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со видливи повреди на телото. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани, а по наредна на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.