Полска планира во 2025 година да лансира воени сателити за надзор


Полска планира да лансира серија воени сателити за надзор во 2025 година, изјави денеска заменик-министерот за одбрана на земјата Цезари Томчик.

„Следната година, како Министерство за одбрана и Армија на Полска, сакаме да ги ставиме нашите први полски сателити во орбитата. Полска планира да набави сателитски систем опремен со радарски и оптички технологии кои ќе овозможат набљудување на Земјата без оглед на атмосферските услови, а ќе се користат странски и домашни технологии, рече Томчик на брифинг со новинарите.

Министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш рече дека Полска ќе развие вселенски единици оваа година, поради лекциите научени од искуството на Украина од почетокот на рускиот напад во февруари 2022 година.

Во декември 2022 година, Министерството за одбрана на Полска потпиша договор со „Ербас“ за испорака на два сателити за извидување, чие лансирање е планирано до 2027 година.