Спикерот на Сoбранието Митрески се обрати пред Врховната рада на Украина


  Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска имаше извонредна можност да се обрати пред Верховната рада на Украина во Киев за да порача дека Македонија и целиот демократски свет се на страната на украинскиот народ во неговата борба против руските агресори. Митрески е во еднодневна посета на Украина на покана од претседателот на Врховната рада, […]

Зголемен е бројот на автомобили во ЕУ, бензинците ги надминаа дизел-автомобилите за 3:1


Во земјите на Европската унија во јануари се регистрирани 851.690 нови автомобили, што е за 12,1 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, објави денеска на својата веб-страница Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA). Пазарот закрепна од малото забавување во декември минатата година кога бројот на нови регистрирани возила во ЕУ падна за […]

Независен полициски синдикат: Политиката надвор од полицијата


Политиката и политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели, реагираше денеска Независниот полициски синдикат по вчерашната ненајавена посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово. – Оваа прес-конференција ја одржуваме во врска со вчерашниот преседан кој беше направен од страна на техничкиот премиер, кој […]

Хаос во Париз: Земјоделци ја пробиле капијата сакајќи да стигнат до Макрон (видео)


Неколку лица се уапсени по судирите меѓу француските фармери и обезбедувањето на Меѓународниот земјоделски саем во Париз. Инцидентот се случил кога активисти на синдикатот на земјоделците ја пробиле капијата и влегле во оградената област додека францускиот претседател Емануел Макрон разговарал со претставници на синдикатот во близина, објавија француските медиуми. Најголемото градилиште во Европа – работата […]

Земјотрес почувствуван во Струга и околината


Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11 часот во југозападниот дел од државата.  Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 119 километри југозападно од Скопје, односно во соседна Албанија.

Марш на „Лесја Украинка“ на годишнината од почетокот на војната (галерија)


Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ одржа мирен марш по повод двегодишнината од почеток на руската сеопфатната инвазија врз Украина. Настанот почна на алејата „Украина“ во центарот на Скопје (пред хотел „Мериот“ на плоштад „Македонија“), потоа продолжи пред амбасада на руската федерација. Фото: Б. Грданоски

Кривична пријава и притвор за скопјанец поради обид за убиство


 Кривична пријава за обид за убиство е поднесена против 36-годишен скопјанец кој на 22-ти овој месец со огнено оружје му нанел повреда на друго лице. – На 22.02.2024 околу 14:20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека […]

Две години од почетокот на руската инвазија на Украина


Во Италија, која оваа година претседава со Групата седум индустриски развиени земји (Г7), ќе се одржи виртуелен самит со претседателот на Украина Володимир Зеленски во знак на поддршка за неговата земја. Собири ќе се одржуваат во повеќе градови како Берлин и Варшава, а некаде ќе има и пред руските амбасади. Во пресрет на годишнината беа […]

Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската унија е наша заедничка иднина


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание. Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на […]

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори


За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори кои произведуваат електрична енергија што е доволна за просечна потрошувачка на скоро 185 илјади домаќинства, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Во јануари, како што информира РКЕ, издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталирана можност од […]

Муцунски повика да се донира за Леонид Индов


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на својот Фејсбук профил објави апел до граѓаните и ги повика да дадат свој придонес во лекувањето на Леонид Индов, кој во моментов се наоѓа во Виена, Австрија. Муцунски на својот Фејсбук профил напиша дека Општина Аеродром, граѓаните, локалните институции, училиштата и детските градинки, во изминатиот период покажаа високо […]

ДИЖС со решение да се отстранат изгорените отпадни гуми кај Желино


На местото каде гореа отпадни гуми во близина на тетовско Желино, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) извршил вонреден инспекциски увид, а најавено е решение според кое опожарените остатоци треба да се отстранат. Воедно, требало да се направи повторно доведување на локацијата во првобитната природна состојба. – ДИЖС ќе изготви решение за отстранување на отпадните […]

Димитријевиќ за поразот од Естонија: Загубивме сила во второто


 Плејмејкерот на македонската кошаркарска репрезентација, Ненад Димитријевиќ, даде свое видување на синоќешниот натпревар со Естонија. Гостите славеа победа во СРЦ „Кале“ во Скопје со 74:69, иако на полувреме македонските кошаркари имаа предност од седум поени 43:36.  – Тежок натпревар, знаевме дека ќе играме со квалитетна естонска селекција. Ги знаевме нивните квалитети, одигравме одлично прво полувреме, […]

Столтенберг: Наместо да ѝ ја затвори вратата на НАТО, Путин ја приближи Украина до Алијансата


Денеска кога одбележуваме две години откако руските тенкови навлегоа на украинска територија и започна најголемата војна во Европа по Втората светска војна, ситуацијата на бојното поле останува исклучително сериозна, а целта на претседателот на Русија, Владимир Путин да доминира во Украина не е променета и нема индиции дека се подготвува за мир, порача генералниот секретар […]

Енергетска конфузија


Енергетските проекти во земјава немаат среќа да се придвижат кон нивната реализација. Најавувани со голема помпа како пресврт кон неопходната енергетска транзиција на земјава, сега се на до бар пат да бидат ставени ад акта или да чекаат подобри времиња. Или, во најмала рака да го чекаат конституирањето на новиот парламент и новата влада. Ако […]

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк се обрати на брифингот наменет за Украина. По повод одбележувањето на две годишнината од руската инвазија врз Украина, Советот за безбедност на Обединетите нации одржа брифинг за Украина, каде се обратија голем број Министри за надворешни работи и други високи […]

Институциите на ЕУ осветлени во боите на знамето на Украина


По повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, повеќе згради во Брисел, вклучително и институциите на ЕУ, минатата ноќ беа осветлени во боите на украинското знаме. – ЕУ ја потврдува непоколебливата поддршка за Украина со се што е потребно, со цел таа да победи во оваа војна и да се врати мирот, […]

Први случаи на предозирање во Словенија – нова дрога на Балканот


Фентанил, дрогата за зомби, доаѓа на Балканот. Во Словенија се забележани случаи на фатални предозирања, а причина за загриженост е тоа што се работи за исклучително силен опијат кој лесно се пушта на црниот пазар. Цела Европа е во голем страв од ширењето на фентанил и неговите деривати на црниот пазар. Станува збор за опијат […]

Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев и испрати силна порака за Украина


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев по повод втората годишнина од руската војна против Украина. „Во Киев за да ја одбележиме втората годишнина од војната на Русија против Украина. И да го прославиме извонредниот отпор на украинскиот народ“, напиша фон дер Лајен на мрежата X. Како што додаде таа, […]

Шесто издание на натпреварот за едукативна роботика за деца и млади


Деветнаесет тимови од Скопје, Кочани, Штип и Тетово со над 180 учесници ќе бидат дел од натпреварот за едукативна роботика, наменет за деца и млади на возраст од 6 до 16 години што ќе се одржи денеска во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип со почеток во 9 часот. Натпреварот за едукативна роботика, наменет за […]