Зголемен е бројот на автомобили во ЕУ, бензинците ги надминаа дизел-автомобилите за 3:1


Во земјите на Европската унија во јануари се регистрирани 851.690 нови автомобили, што е за 12,1 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, објави денеска на својата веб-страница Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).

Пазарот закрепна од малото забавување во декември минатата година кога бројот на нови регистрирани возила во ЕУ падна за 3,3 отсто на годишно ниво.

Пазарот на автомобили во Германија забележа силен раст на годишно ниво од 19,1 отсто во јануари, како и 10,6 отсто во Италија, 9,2 отсто во Франција и 7,3 отсто во Шпанија.

Во јануари најголем број нови возила со бензински мотор се регистрирани со 35,2 отсто, потоа хибридните електрични возила (HEV) со 28,8 отсто, автомобилите на дизел со 13,4 отсто и електричните возила со батерии (BEV) со 10,9 отсто.

Бројот на регистрирани електрични возила на батерии се зголеми за 28,9 отсто на годишно ниво на 92.741 автомобил во јануари. Минатата година во Европската унија беа регистрирани 1,5 милиони електрични автомобили на батерии, што е за 37 отсто повеќе отколку во 2022 година.