Колку потписи собраа кандидатите за претседател на првиот ден?


Државната изборна комисија соопшти денеска дека од утре, 25 февруари 2024 година, на својата веб страница, секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија. -Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и […]

Зошто икаме и како да го спречиме?


Икањето понекогаш знае да биде многу заморно и непријатно, но тоа е состојба што секому му се случила барем еднаш во животот. Кога почнуваме со икање, тоа обично трае неколку минути, но во потешки случаи може да трае и неколку часа. Колку подолго трае икањето, толку луѓето стануваат понервозни бидејќи не можат да престанат. Но, […]

Вучиќ: „Кога на Србија ѝ беше најтешко, Кина најмногу ни помогна“


„Кина е вистински пријател на Србија, а народите на двете земји секогаш одржувале добри односи“, изјави Александар Вучиќ во интервју за „China Media Group“. „Кога Србија беше во тешкотии, Кина ни помогна најмногу, како што велат, пријателите се познаваат во неволја“, рече Вучиќ. Вучиќ ја негираше таканаречената „теорија на кинеската должничка стапица“ и се заблагодари […]

Земјотрес во Бугарија


Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија околу 18 часот и 45 минути. Земјотресот е регистриран на 88 километри јужно од Софија, на длабочина од 13 километри. Можни се помали материјални штети со земјотреси од оваа јачина. Инаку, денеска беа забележани уште два земјотреса во регионот, еден во Албанија, што […]

Тошковски: Однесувањето на премиерот Џафери кон вработените во МВР е недозволиво


Во однос на вчерашното видео кое се појави во јавноста, а на кое се гледа како техничкиот премиер Талат Џафери ненајавено упадна во просториите на Отсекот за управни работи Тетово каде што во моментот овластените службени лица ги извршуваа своите работни задачи би сакал да го истакнам следново: Како министер за внатрешни работи, а пред […]

НАСА се огласи по американското враќање на Месечината, а сподели и фантастична фотографија од кратерот


Американската НАСА го објави историскиот успех на компанијата Intuitive Machines, која пред неколку дена успеа да слета вселенско летало на Земјиниот сателит по 52 години отсуство на вселенски летала од САД на Месечината. Во врска со фантастичниот подвиг, НАСА изјави дека ова е прво слетување на Месечината како дел од кампањата Артемис. „Шест научни инструменти […]

Британија издвојува 245 милиони фунти за помош на украинската армија


 Велика Британија ќе одвои 245 милиони фунти за помош на вооружените сили на Украина, за набавка на муниција и ревитализација на синџирот за снабдување со гранати, соопшти денеска британската влада. Најавено е и потпишување на серија договори во вредност од милион фунти, меѓу агенцијата за набавка на оружје на британското Министерство за одбрана и компанијата […]

Малолетник нападнат од три лица во Аеродром


Во петокот, во 23 часот во СВР  Скопје, М.З.(38) од с.Долно Лисиче, скопско пријавил дека околу 19.00 часот во близина на средно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје неговиот малолетен син физички бил нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Хамилтон ќе се обиде да научи италијански пред да се приклучи на Ферари


 Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон одговори на прашањето дали ќе научи италијански пред да се приклучи на Ферари во 2025 година. – Во сите овие години не можев да научам други јазици, но секако дека ќе се обидам. Се сеќавам кога се тркав со картинг во Италија, можев да научам нешто, па се надевам дека […]

Украина потпиша билатерални безбедносни договори со Италија и Канада


Претседателот на Украина Володимир Зеленски соопшти дека потпишал билатерални безбедносни договори со италијанската премиерка Џорџа Мелони и канадскиот премиер Џастин Трудо. Договорите имаат за цел да ја зајакнат безбедноста на Украина додека таа не ја постигне својата цел да стане членка на НАТО. Во објава на социјалните мрежи, Зеленски рече дека документот „поставува силна основа […]

Телото на Навални предадено на неговата мајка


  Телото на рускиот опозиционер Алексеј Навални е предадено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка Кира Јармуш на Икс. „Људмила Ивановна сè уште е во Салехард. Погребот сѐ уште се чека. Не знаеме дали властите ќе се мешаат да се спроведе како што сака семејството и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом има […]

Во Штип се сообраа над 500 извидници по повод Светскиот ден на извидниците


По повод  Светскиот ден на извидниците, денеска во Домот на млади во Штип се одржа централната прослава. Учество земаа 520 извидници  и 60 волонтери од тринаесетина градови од државата. Дарко Тошиќ од извидничкиот одред во Штип рече дека одбележувањето на самиот ден се заокружува со три паралелни настани – изложба, крводарителска акција и запознавање на […]

Во Црвеното Море се формира 30 километарска нафтена дамка откако Хутите нападнаа британски брод


 Бунтовниците Хути, поддржани од Иран, нападнаа носач на нафта во сопственост на Велика Британија во Црвеното Море, предизвикувајќи нафтена дамка, соопшти денеска американската војска. Бродот Рубимар, кој пловел под знамето на Белизе, бил нападнат на 18 февруари, се вели во соопштението на американската централна команда (CENTCOM) и се додава дека бродот „е закотвен, но во […]

Регионот покриен со снег до 1 метар, линијата меѓу зима и пролет поминува низ Балканот


Дел од Европа и нашата област е под влијание на силна циклонска активност. Саботата донесе и формирање на секундарен циклон во Џеновскиот Залив, кој ги зафаќа подрачјето на Алпите, Италија, Јадранот и неговата заднина. Првиот ден од викендот обилни врнежи го зафатија подрачјето на Алпите, со обилни дождови, додека над 1.500 метри надморска височина паѓаше […]

Зеленски: Ќе дојде најдобриот ден во нашите животи


Украина ќе ја „победи“ Русија, изјави во саботата украинскиот претседател Володимир Зеленски, во време кога Украина е ослабена и влегува во третата година од војната, помошта од сојузниците постепено „пресушува“, а руската воена машинерија напредува. „Ние се бориме за тоа 730 дена. И ќе победиме… и тоа ќе биде најдобриот ден во нашите животи“, рече Зеленски […]

Авганистанец (27) уби три жени во Виена


Три жени се пронајдени мртви во салон за масажа во Виена кој наводно служел како бордел, а се претпоставува дека биле избодени со нож, јавуваат австриските медиуми. Полицијата уапси осомничен во парк недалеку од местото на злосторството, изјави портпаролот на полицијата Филип Хаслингер за австриската новинска агенција АПА. Тој додаде дека и уапсениот има расекотини, […]

Клоп: Ливерпул пишува книга која ќе се затвори со моето заминување од клубот


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри што очекува од финалето на Лига купот со Челзи, кое ќе се одигра утре.  – Сакам да победам во недела, но не за себе или за мојот трофеен кабинет, туку за доброто на момците, клубот и навивачите. Она што моментално го работиме е пишување прекрасна книга. И кога ќе […]

Арсовска садеше дабови дрвја на Водно


Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи од скопските јавни претпријатија со засадување на дабови дрвја ја најавија големата еколошка акција за пошумување на парк шумата Водно, а која со реализација на бројни активности на садење дрвја и садници ќе продолжи до крајот на месец март.     На повисоките делови на Водно најчести се дрвјата […]

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви


Силно невреме придружено со силен ветер во текот на ноќта погоди бројни делови на Босна и Херцеговина. Судејќи по фотографиите, еден од градовите кој поминал најтешко е Кључ. Градот во северозападниот дел од нашата држава во текот на ноќта претрпе материјална штета, за што сведочи фотографијата на која се гледа дека Средношколскиот центар остана без […]

Грчко МНР: Континуирана и искрена поддршката на Грција за Владата и народот на Украина


 Грција цврсто стои на страната на храбриот украински народ кој се бори за независноста и суверенитетот на својата земја. Нашата поддршка за Владата и народот на Украина е континуирана и искрена, соопштија од грчкото МНР за двегодишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи […]