Клоп: Ливерпул пишува книга која ќе се затвори со моето заминување од клубот


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри што очекува од финалето на Лига купот со Челзи, кое ќе се одигра утре. 

– Сакам да победам во недела, но не за себе или за мојот трофеен кабинет, туку за доброто на момците, клубот и навивачите. Она што моментално го работиме е пишување прекрасна книга. И кога ќе заминам, ќе ја затвориме оваа книга и ќе ја ставиме на полица, ја цитира изјавата на Клоп новинарот Бен Џејкобс.

На крајот на јануари Клоп објави дека по завршувањето на актуелната сезона ќе го напушти Ливерпул. Тој го води тимот од 2015 година.

Ливерпул е лидер во Премиер лигата со 60 бода, четири повеќе од Манчестер сити кој  има и натпревар помалку.