Без вода Инџиково, Хиподром и хотел „Белви“


Без вода денеска од 11 часот се корисниците од Инџиково, Хиподром и хотел „Белви“ во Општина Гази Баба. Како што информира jавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на ул.„15“ во селото Инџиково (покрај каналот). Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Скопје се искачи на 1 место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање


Скопје се најде на врвот на ТОП 10 европски градови со средна големина според ефективноста, односно рентабилност за инвестирање на рангирањето кое го прави економското списание ФДИ интелеџенс, дел од реномираниот меѓународен весник за економија, Фајненшл Тајмс, соопшти Дирекцијата за технолошко-развојни зони. – Ова е скок од четврто место на кое беше главниот македонски град […]

Таравари: Би ги прифатиле сите одлуки на судот


Би ги прифатиле сите одлуки на судот бидејќи сме сигурни дека и во Централното претседателство и во Централното собрание и кај членовите на Конгресот имаме мнозинство, вели Арбен Таравари за расколот во Алијанса на Албанците. Во интервју за „Гласот на Америка“, Таравари вели дека фракцијата во партијата што го поддржува Зијадин Села веќе неколку месеци […]

Хутите нападнаа американски танкер, САД и Велика Британија го ракетираа главниот град на Јемен


Сана – Јеменските бунтовници Хути го нападнаа американскиот танкер „МВ Торм Тор“ во Аденскиот залив, соопшти денеска портпаролот на оваа милитантна група Јахја Сареа, додека САД и Велика Британија извршија воздушни напади врз Сана, главниот град на Јемен. Групата го гаѓала танкерот со нафта „со неколку бродски проектили“, рекол Сареа. Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти […]

Германија се уште размислува дали да испорача оружје со долг дострел на Украина


Берлин – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок вчера во украинското црноморско пристаниште Одеса изјави дека Германија се уште размислува дали да испорача оружје со долг дострел на Украина. – Се разбира, сè што даваме во однос на воената поддршка е премалку, рече таа на прес-конференција по ненајавената посета на Украина. Таа додаде дека […]

Запалени возило и гаража во Кавадарци


Возило и гаража биле запалени доцна синоќа во Кавадарци, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот на околните куќи бидејќи се работи за место со густо населени куќи.  Од Територијалната противпожарна единица информираат дека интервенирале со три возила и шест пожарникари.  За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци […]

Рекордно ниска површина под мраз на морето околу Антарктикот


Лондон – Трета година по ред, површината на морето под мраз околу Антарктикот се спушти под два милиони квадратни километри, што не се случило пред 2022 година од почетокот на сателитските мерења во 1979 година. Најновите податоци на американскиот центар за снег и мраз потврдуваат дека во претходните три години количината на лебдечки мраз на […]

Награди SAG : Најдоброто од црвениот ќилим


Доцна синоќа во Shrine Auditorium & Expo Hall во Лос Анџелес беа доделени SAG наградите (Screen actors guild), кои ги доделува професионалното здружение на актери за најдобри остварувања во изминатата година.  Победниците им беа познати на оние кои ја следеа сезоната на награди, бидејќи актерите од “The Bear,” “Oppenheimer” и“Beef” ги однесоа дома статуетки како […]

Трамп победи и во Јужна Каролина


Вашингтон – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (77) победи на партиските избори во државата Јужна Каролина, откако освои 61 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Ники Хејли 39 отсто, со што се доближи до републиканската номинација за претседателските избори во ноември. – Никогаш не сум ја видел Републиканската партија толку обединета како што е сега. […]

Овации во Филхармонија: Концертот со хитовите на загрепската поп рок школа се претвори во журка


  Урбаната публика ја преполни Филхармонија, се сеќаваше само на убавите моменти на растење и созревање и уживаше на хитовите кои го обележаа животот на многу генерации, синоќа, на концертот „Памтим само сретне дане” на кои се пеаја  хитовите на загрепската поп рок школа од 80-тите и 90-тите години во придружба на Филхармонија. Публиката направи […]

Предлогот за избор на претседател на државата во Собранието неприфатлив за дел од политичките партии


Предлогот на ДУИ за избор на претседател на државата во Парламентот со двотретинско мнозинство, а кое го истакна и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, е неприфатлив за дел од политичките партии.  Од СДСМ, која е коалициски партнер на ДУИ, завчера преку соопштение информираа дека оваа идеја не е нова, туку дека станува збор за […]

Војчеховски: Трговските и климатските политики на ЕУ се причина за незадоволството на земјоделците


Брисел – Земјоделците не излегоа на протести на улиците поради земјоделската политика на ЕУ, туку поради незадоволство од трговските и климатските политики на блокот, оцени еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.  Ваквиот став, како што јави дописникот на МИА од Брисел, полскиот еврокомесар Војчеховски го изнесе во одговор на писмото на претседателот на Комитетот за земјоделство […]

Долгото чекање термини во јавното, ги „брка“ пациентите кон приватното здравство


Долгото чекање за да се дојде до закажаниот термин за специјалистички прегледи во јавното здравство, честопати поради итноста на болеста, ги принудува пациентите да побараат помош преку пријатели за побрзо да го направат потребното снимање, а дел од нив „спасот“ го бараат во приватното здравство каде услугите се поскапи. На секој вработен, од платата секој […]

Златна мечка на Берлинале за документарецот “Дахомеј“ на Мати Диоп


Берлин – „Дахомеј“, документарецот на француско-сенегалската режисерка Мати Диоп, ја освои Златната мечка за најдобар филм на 74. Филмски фестивал во Берлин. Повеќеслојниот документарен есеј го истражува враќањето, во ноември 2021, на ограбените кралски богатства на африканското кралство Дахомеј од Париз во денешна Република Бенин, испитувајќи го комплицираниот одговор на оние во Бенин, чија култура […]

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат поројни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од три до девет, а максималните […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 25 февруари 2024 година, 56-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 310 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 16 минути, а ќе зајде во 17 часот и 18 минути. Денов трае 11 часа и 2 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее […]

Црногорскиот претседател Милатовиќ поднесе оставка од сите функции во партијата


Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, објави во саботата дека поднесол оставка на сите функции во Движењето Европа сега. Милатовиќ, кој ја извршуваше функцијата заменик претседател на партијата, во објава на платформата Х објасни дека поднесува оставка затоа што досегашниот начин на работа на ПЕС е спротивен на ветувањата и вредностите што ги имал предвид […]

Науката открива колку најдолго можеме да живееме денес и уште колку повеќе


Многу луѓе се прашуваат колку долго би можеле да живеат ако се однесуваат совршено во согласност со сите здравствени препораки. Најстарата личност некогаш снимена, Французинката Жан Калмент (на сликата погоре), почина на 122-годишна возраст. Интересно е да се спомене дека на длабока старост пиела по една чаша вино дневно и дека почнала да пуши на […]

Алкалоид лесно до бодовите во Струга, Вардар поразен од Тиквеш


Три натпревари од третото коло во плејофот на македонската ракометната Суперлига се одиграа денес. Максимална трета победа забележа Алкалоид, Тиквеш беше поуспешен на домашен терен од Вардар, додека Тинекс Пролет го доби скопското дерби со Бутел. Резултати: Струга – Алкалоид 22:32 Тинекс Пролет – Бутел 20:18 Тиквеш – Вардар 22:20. Утре играат Еурофарм Пелистер и […]

Четири причини зошто секогаш сте нерасположени


Нормално е да имате денови кога не сте во добро расположение, но кога тоа продолжува неколку дена или недели, може да биде непријатно не само за вас, туку и за оние околу вас. Иако има моменти кога расположението е под влијание на лошото ментално здравје, постојат неколку други причини кои може да се решат без […]