Алкалоид лесно до бодовите во Струга, Вардар поразен од Тиквеш


Три натпревари од третото коло во плејофот на македонската ракометната Суперлига се одиграа денес. Максимална трета победа забележа Алкалоид, Тиквеш беше поуспешен на домашен терен од Вардар, додека Тинекс Пролет го доби скопското дерби со Бутел.

Резултати:
Струга – Алкалоид 22:32
Тинекс Пролет – Бутел 20:18
Тиквеш – Вардар 22:20.

Утре играат Еурофарм Пелистер и Охрид.

Табела: Алкалоид 12 бодови, Еурофарм Пелистер 8, Охрид 8, Тиквеш 7, Вардар 6, Тинекс Пролет 3, Бутел 1, Струга 0.