Хаос во Париз: Земјоделци ја пробиле капијата сакајќи да стигнат до Макрон (видео)


Неколку лица се уапсени по судирите меѓу француските фармери и обезбедувањето на Меѓународниот земјоделски саем во Париз.

Инцидентот се случил кога активисти на синдикатот на земјоделците ја пробиле капијата и влегле во оградената област додека францускиот претседател Емануел Макрон разговарал со претставници на синдикатот во близина, објавија француските медиуми.

Најголемото градилиште во Европа – работата на комплексот Експо е пред предвиденото
Земјоделците извикуваа и свиркаа внатре во саемот, барајќи од Макрон да поднесе оставка.

Макрон се состана со претставници на синдикатот на фармите и требаше да одржи дебата со фармерите, преработувачите на храна и претставниците на трговскиот синџир на саемот потоа, но таа беше откажана откако синдикатите на фармите рекоа дека нема да се појават, пренесува Ројтерс.

Шефот на Националната федерација на синдикати на фармери FNSEA, Арнауд Русо, рече дека Макрон прво треба да им се обрати на земјоделците за нивните барања за владина помош, што доведе до протести.

Земјоделците во Франција, најголемиот земјоделски производител во ЕУ, како причини за нивните протести ги наведуваат ниските откупни цени, регулативите на ЕУ за заштита на животната средина и нелојалната конкуренција создадена со увоз на евтини производи од земји надвор од ЕУ.