Во Србија голема полициска акција, уапсени челниците на балкански нарко картел


Во Себија беа уапсени 13 лица во голема полициска акција против меѓународна трговија со дрога. Тие се сметаат за водачи на таканаречениот балкански картел, пишува Нова.рс. Во последните години тој картел организираше шверц на повеќе од седум тони кокаин во Европа. Во рамките на меѓународната кампања Easy беа уапсени 13 лица од Белград, Ниш, Лазаревац, […]

Огромната дупка во рускиот буџет стигна до нов рекорд


  Дефицитот на буџетoт на Русија за првите четири месеци изнесува 3,4 билиони рубљи (44,4 милијарди долари), според прелиминарните податоци објавени од Министерството за финансии. Ова е за половина билион повеќе од годишниот план (2,9 билиони рубљи – 37,8 милијарди долари) и дури малку повеќе отколку за целата минатата година, кога дефицитот изнесуваше рекордни 3,345 […]

„Бугарија не ги почитува одлуките на судот во Стразбур“: Писмо на министерот Лога до САД, ЕУ, ОБСЕ и Советот на Европа


  Министерот за правда Кренар Лога испрати дописи до Амбасадата на САД, Делегацијата на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ и Програмската канцеларија на Советот на Европа со кои ги информира за неспроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на Република Бугарија. Во дописот, што е испратен заедно со 14-те пресуди, информираа од […]

Банката на Англија ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво од крајот на 2008 година


Банката на Англија денеска ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво од крајот на 2008 година, борејќи се со високата инфлација во Велика Британија. Одлуката на деветчлениот комитет за монетарна политика на банката да ја зголеми основната каматна стапка за четвртина процентен поен на 4,5 отсто беше очекувана на финансиските пазари. Ова е 12-то зголемување […]

„Вучиќ ја загуби контролата над самиот себе“: Оценка на познатиот новинар Бошко Јакшиќ


  Политичкиот коментатор Бошко Јакшиќ денеска изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се обиде да ја зачува својата „разнишана“ политичка моќ преку формирање на тнr Народното движење за државата и распишувањето вонредни парламентарни избори. Јакшиќ за агенцијата Бета изјави дека Вучиќ изгубил контрола над себеsi, што, како што рече, имало влијание и на значителниот […]

Сметката на Град Скопје не е блокирана, иако има ненаплатени долгови


Сметката на градот Скопје не е блокирана, ниту пак во овој момент е загрозено материјално-финансиското работење на администрацијата, ги демантираат од градот денеска, написите кои се појавија во некои медиуми дека не може да се исплатат ниту плати за вработените, поради долгови кои доспеале за наплата. „За жал, точно е дека градот Скопје има неплатени […]

Ќе „врти“ ли балансерот во интерес на бугарските пасоши во Македонија?


  Институтот за демократија Социетас цивилис не гледа основа во ветувањата дека може да се смени преговарачката рамка за Македонија со ЕУ и смета дека тоа е завршена работа, така што нашиот избор сега е – да се имплементира или не. „Преговарачката рамка е утврдена и во неа не може да се смени ниту запирка.Таа […]

Британија потврди дека ѝ испорачала на Украина крстосувачки ракети со долг дострел


  Министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Валас, ги потврди извештаите дека неговата земја ѝ донирала на Украина крстосувачки ракети со долг дострел „Сторм шедоу“. Тој им рече на пратениците во Долниот дом: „Денес можам да потврдам дека Обединетото Кралство ѝ донира на Украина ракети ‘Сторм шедоу’. Оваа ракета има можност за прецизен удар […]

Реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци


Општина Илинден отпочна со реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци, кој е во должина од 1.500 метри и широчина 5,5 метри, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта. Потребата за реконструкција на овој локален пат е поради неговата лоша состојба кој претставуваше потешкотија во секојдневното одвивање на сообраќајот за […]

Осудените за „Диво насеље“ треба да ги одлежат казните во Македонија, смета Петровска


  Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, смета дека осудените зво случајот „Диво Насеље“ треба да останат во затворите во Македонија.Петровска даде краток одговор по шпекулациите во изминатите денови дека осудените од „Диво Насеље“ ќе се префрлат во затвор во Косово. -Јас мислам дека треба да се почитува одлуката на македонските судови и дека осудените треба […]

Требаше храброст за бизнис, сега жените се посамоуверени: Интервју со Лидија Трипуноска, агенција „Марили“


„Економски перспективи за предвидлив развор“ е темата на вториот „Марили бизнис форум“ кој годинава се одржува во Скопје на 27 мај. На форумот ќе се разговара за енергетските предизвици како нови можности во економијата, за политиките, практиките и моделите за одржлив развој во земјоделството и прехранбената индустрија. Исто така, фокус ќе биде и личната трансформација […]

Избори во Турција: Мухарем Инџе се повлече од претседателската трка


  Турскиот претседателски кандидат Мухарем Инџе во четвртокот објави дека се повлекува од трката за општите избори, шокантен потег три дена пред критичкото гласање. Говорејќи на прес-конференција во Анкара, Инџе, лидер на Татковинската партија и поранешен ветеран на главната опозиција, рече дека се повлекува за својата земја. Изборите в недела сега ќе се водат меѓу […]

Обезглавени бисти и исчезнати натписи, додека надлежните мижат – некој заработува


Двата моста преку Вардар, кои никнаа како дел од проектот „Скопје 2014“, а на кои од двете страни се наредени бројни статуи на уметници, државници, свештеници и историски личности, сѐ повеќе остануваат без плочките со објаснување чија фигура е претставена. Речиси од секоја се извадени, а без штитот остана и Александар Први. Тие се изработени […]

Престани да постираш ѓубре додека пиеш, му порача Кулеба на Медведев


Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев „треба да пие помалку вотка пред да оди на Телеграм“, рече шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба околу повикот на овој руски функционер да се убие украинскиот претседател Володимир Зеленски. Медведев, кој сега е заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност – директно под рускиот претседател Владимир Путин – има „одредена […]

За една недела приватните превозници се враќаат на скопските улици


За една недела скопјани може да ги очекуваат автобусите на приватните превозници да се вклучат во градскиот сообраќај во Скопје и по повеќе месеци, може конечно, навреме ќе стигнат на работа. Возилата на приватните превозници, кои се пријавија на последниот конкурс на Градот, се на технички проверки во ЈСП, се проверува наплатниот систем и состојбата […]

Гир: Eвропското знаменце многу често се употребува


Причината поради која го покренав прашањето за употребата на европското знаменце, е токму поради тоа што тоа многу често се употребува за усвојување на некои закони, додека се знае дека употребата на европското знаменце секогаш се употребува преку усвојување на закон којшто е  директно поврзан со европските практики и европското законодавство, порача амбасадорот на ЕУ […]

Герасимовски: Инспекцијата спречи незаконско градење на Водно


 Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски постапувајќи по пријава од граѓани заедно со инспектори од Секторот за инспекциски работи денеска излезе на терен, на Водно каде се забележани нелегални градежни дејствија. Станува збор за четири парцели во приватна сопственост, кои се надвор од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како […]

ЕСМ ќе тргува со електрична енергија на берзата МЕМО


„Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) склучи договор со Македонската берза на електрична енергија (МЕМО) која официјално стартуваше со работа и ќе има можност да тргува со електрична енергија, соопштија од компанијата. Со домашната берза раководи Националниот оператор на пазарот за електрична енергија, МЕМО. Проектот е работен над пет години, а официјално заживеа по измените на Законот […]

Нови 600 работни места во втората фабрика на канадската компанија „Магна“ што се гради во Штип


Нови 600 работни места ќе бидат отворени за околу една година со новата инвестиција на канадската компанија „Магна“, која по отворањето на фабриката во Струга, денеска официјално го означи почетокот на својата втора инвестиција во Штип. Според премиерот Димитар Ковачевски, денешниот настан е доказ дека во земјава има поволна бизнис клима за привлекување на странски […]

Полска ќе го вика Калининград со историското име, Русија гневна


  ВАРШАВА – Полска повторно го користи своето историско име за Калининград, рускиот град и административен регион што се наоѓа на нејзината граница. Отсега на полските карти ќе биде означен како Кролевјец, по препорака на владината комисија за географски имиња во странство. Кремљ реагираше луто: портпаролот Дмитриј Песков го нарече „процес што се граничи со лудило“, […]