Ватикан е вклучен во тајна мировна мисија за мир во Украина


Ватикан- Ватикан е вклучен во тајна мировна мисија во Украина, во обид да се стави крај на конфликтот меѓу Украина и Русија, изјави папата Францискo. „Подготвен сум да направам се што треба да се направи“. Во тек е мисија, но не е јавна. Кога ќе дојде вистинското време, ќе го откријам тоа“, им рече папата […]

Синдикатите со одделни протести, но со исти барања ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот


Со барања за зголемени и достоинствени плати за работниците, пристојно работно време и почитување на колективните договори, денеска синдикатите ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот. Најавени се одделни протести на двата најголеми синдикати во земјава.  Под мотото „Работниците се државата“, Сојузот на синдикати на Македонија ќе го почне протестот точно напладне пред зградата на […]

„Заедно 2“: Заедничка изложба на македонски и бугарски уметници во Брисел


Софија – Во зградата на Европскиот парламент во Брисел утре ќе биде отворена изложба на македонски и бугарски уметници насловена „Заедно 2“. Организатор на изложбата е Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, со поддршка на бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук, а во нејзиното поставување е вклучена и ликовната колонија „Галичник“. Како […]

Филмски грабеж во Париз: Украден накит од златарата „Булгари“


Париз- Златарата „Булгари“ на плоштадот Вендом во првиот париски арондисман  е ограбена, јавува француска ТВ БФМ. Тројцата разбојници со два мотори успеале да побегнат од местото на злосторството и полицијата трага по нив. Лицата им биле сокриени со качулки, а со себе носеле оружје. Засега не се знае колку накит е украден. Ова не е […]

Европските пари во борбата против нашата корупција – колку, какви и со кои резултати?


Пред повеќе од една година беше објавен Извештајот на Судот на ревизори на ЕУ за поддршката за владеењето на правото на Западен Балкан во периодот 2014-2020 година, на кој посебно се осврнавме. Оваа статија ја започнуваме таму кадешто ја завршивме таа: „Тежиштето на одговорноста и за исходот на интервенциите на ЕУ во областа на владеењето […]

Најголем дел од ѓубрето лани завршило на депонија, селекцијата учествува само со 18,3% [инфографик]


Селекцијата на отпад останува голем проблем за македонското општество. Само 18,3 отсто од комуналниот отпад во Македонија лани минал низ примарна или секундардна селекција, а со тоа е овозможен соодветен третман преку рециклирање на ова ѓубре. Наспроти ова, над 80 отсто од целокупниот комунален отпад собран во 2022 година завршил на општинските депонии. Податоците на […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавени првомајски протести


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денес (01.05.2023) во периодот од 10.00 часот до 12.30 часот е најавен протест организиран од страна на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на ул.„50-та Дивизија“, по ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Климент Охридски“ се до Владата на Република Северна Македонија […]

„In the mood“ на Тирана џез фестивал- добија покана од италијански менаџери


Во петокот вечер, на покана од македонскиот Културно информативен центар во Тирана, групата „In the mood“ од Скопје, имаше извонреден настап на  Тирана џез фестивал. Првиот дел на тиранскиот фестивал, секоја година се одржува на крајот на април и редовно е богат со голем број на различни имиња од европскиот џез. Овој пат, неколку дена […]

„Под плаштот на едноставноста, неговите зборови интригираат“. Портрет на Ацо Шопов во „ Ел Нуево Хералд“, Мајами


100 години од раѓањето на Ацо Шопов, дневниот весник „Ел Нуево Хералд“ од Мајами, САД, во денешниот број објави опширен напис посветен на нашиот поет за кого се вели дека „македонскиот јазик практично му го должи својот влез во светот на литературата“. „Станува збор“, потенцира француско-кубанскиот писател Вилијам Наварет, „за исклучителен пример на јазик кој се афирмира […]

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има повремен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 1 мај 2023 година, 121-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 244 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 30 минути, а ќе зајде во 19 часот и 32 минути. Денов трае 14 часа и 1 минута. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]