Ватикан е вклучен во тајна мировна мисија за мир во Украина
Ватикан- Ватикан е вклучен во тајна мировна мисија во Украина, во обид да се стави крај на конфликтот меѓу Украина и Русија, изјави папата Францискo. „Подготвен сум да направам се што треба да се направи“. Во тек е мисија, но не е јавна. Кога ќе дојде вистинското време, ќе го откријам тоа“, им рече папата на новинарите за време на неговото враќање од Унгарија во Италија, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека верува оти мирот секогаш се постигнува преку отворени канали.„Никогаш нема да добиете мир ако ги затворите сите канали. Ова не е лесно. Зборував со унгарскиот премиер Виктор Орбан за Украина и со митрополитот Иларион, претставникот на Руската православна црква во Будимпешта. За време на тие разговори не се споменуваше Црвенкапа. Разговаравме за се. Сите се заинтересирани да се најде начин за мир“, рече Папата.