Пенов: Oпштините да ги користат средствата од ЕУ


Со кафе-дебатата на тема „Локални иницијативи за глобални чекори“, која се одржа денеска во кафулето „Тренд“ Европското движење (EMMK) го рестартира циклусот дебати „Кафе Европа“ што беше прекинат поради короната, а на кои се дебатираше на значајни и актуелни теми поврзани со членството на нашата држава во ЕУ. Темата за развојот на локалните заедници е […]

ЦУК: Товарно возило на патот Зелениково – Таор ја пробило оградата на мост на Вардар, нема жртви


Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК, денеска информира дека околу 18 часот товарно возило, движејќи се на регионалниот патен правец село Зелениково – село Таор, изгубило контрола ја пробило оградата и паднало во реката Вардар. Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, со своите соработници веднаш излегле на терен и направиле соодветно одбележување на […]

„Ситроен“ го претстави хибридниот C5 Aircross


Француската компанија „Ситроен“ ја претстави хибридната верзија на својот модел C5 Aircross. „Ситроен“ ја збогати понудата на својот семеен SUV C5 Aircross со plug-in хибридна верзија, која им се придружува на веќе достапните опции за дизел и бензин. Погонот Hybrid 136 вклучува додавање на 48V хибридна технологија на бензинскиот мотор Puretech. „Ситроен“ тврди дека благодарение […]

Арсовска: Во подобра кондиција градот никогаш не бил


 Градоначалничката Данела Арсовска демантира дека е празна буџетската каса на Град Скопје и изјави дека таквите тврдења се „политичка хајка на коалицијата СДСМ-ДПМНЕ“. Секој ден на сметката на Град Скопје, рече, пристигнуваат средства од давачките што ги плаќаат граѓаните и компаниите и врз основа на сѐ што е активен приход. -Во подобра кондиција градот никогаш […]

Конечно познато како изгледал еден од најпознатите владетели во историјата


Речиси и нема човек кој не слушнал за Тутанкамон, египетскиот фараон кој дојде на тронот како момче и умре многу млад. Со години, приказната за неговата смрт и живот ја скокоткала фантазијата на научниците. Но, како навистина изгледал Тутанкамон, можеле само да нагаѓаат. Познатата златна маска на смртта, иако навестува како би можел да изгледа […]

Скопјанец осомничен за семејно насилство


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Тешка телесна повреда.     -Во семејниот дом на улицата „Партение Зографски“, во периодот од 25 до 30 мај, осомничениот 45-годишен скопјанец, во повеќе наврати вршел семејно насилство врз својата вонбрачна партнерка, […]

Стабилизација на светската трговија на почетокот на годината


  Светската трговија се стабилизираше во првиот квартал, а закрепнувањето би можело да се забрза до средината на годината, покажа во средата извештајот на Светската трговска организација (СТО). Барометарот на трговската размена на стоки во март беше за 3,4 поени повисок од крајот на минатата година и изнесуваше 95,6 поени, повторно приближувајќи се до основната […]

Поради асфалтирање до 3 јуни затворена за сообраќај делницата Велес – Градско


До 3 јуни 2023 на регионалниот пат 1102, делница Велес – Градско, од 08:00 до 16:00 часот ќе се врши асфалтирање поради што овој патен правец ќе биде целосно затворен за сообраќај, потсетува АМСМ. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските […]

Крис Кристи влегува во републиканската трка за претседател


Поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, следната недела ќе објави кандидатура за републиканска претседателска номинација во 2024 година, јавија денеска американски медиуми повикувајќи се на извори запознаени со тоа прашање. Кристи (60) беше советник на кампањата на Доналд Трамп за Белата куќа во 2016 година, но во последните месеци стана жесток критичар на поранешниот […]

Дури 13 членови на исто семејство починаа откако јаделе отровна каша


Тринаесет членови на исто семејство починале во Намибија откако јаделе каша, за која властите веруваат дека станала токсична кога се измешала со талог останат од домашно пиво. Државната телевизија јавува дека уште четири лица се во критична состојба во болница. Министерството за здравство и социјални услуги на Намибија соопшти дека било известено за инцидентот во […]

Што е „синдром на сукцесија“?


  Хит драмата „Сукцесија“ (Succession) штотуку заврши и, без разлика дали финалето ги оправда очекувањата, психијатрите во последно време ја споменуваат поради истоимениот синдром. Станува збор за ситуација во екстремно богатите домаќинства, во кои кај децата се создава атмосфера на страв од неуспех, исто како онаа што ја видовме во оваа серија. „Парацелзус Рекавери“ (Paracelsus […]

Град Скопје ќе дава субвенции за замена на азбестни покриви


Град Скопје ќе им помогне на социјално загрозените граѓани да ги заменат старите азбестни покриви на своите домови. Семејствата од оваа категорија ќе може да добијат средства од Град Скопје во износ од 50 отсто од вредноста на инвестицијата, но не повеќе од 150.000 денари, со вклучен данок. За овие субвенции од Буџетот на градот […]

Макрон ја чека Македонија во ЕУ, клучниот чекор се уставните измени


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон, на која, како што информираат од владината прес-служба, било разговарано за процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата. Макрон ја поздравил одлучноста на Владата да работи на реализирање на европската агенда и потенцира дека на […]

Повлечен учебникот по историја и општество за петто одделение


Учебникот по историја за петто кој беше полн со грешки е повлечен од настава.. Министерството за образвоание и наука потврди дека од пред десетина не го користат учениците, а минатиот четврток е објавен и повик за формирање авторски тим кој ќе го изработи новиот учебник, пренесе „Сител“. „Учебникот што досега го користеа петтоделенците е повлечен […]

Од денеска нови летови од Охрид кон Лондон и Манчестер


Охрид од денеска авионски се поврзува со две нови дестинации. На охридскиот аеродром утрово слета првиот авион со туристи од Манчестер, Велика Британија, а подоцна и вториот авион од аеродромот Гетвик во Лондон. Воведувањето на двете нови сезонски авиолинии од и кон охридскиот аеродром беше одбележано со воден мост и свечен пречек на туристите. Министерот […]

Стаса новиот учебник по македонски јазик за петто одделение


На две недели пред крајот на учебната година, во основните училишта стаса учебникот по македонски јазик за петто одделение. Учебникот е направен согласно новата Концепција за основно образование. Во Министерството за образование и наука (МОН) објаснуваат дека тие го праќаат на печатење учебникот штом ќе добијат одобрение од Националната комисија за учебници дека може да […]

Бројот на дипломирани студенти се намалил за 3.5 отсто, две третини од нив учеле на државните универзитети


Вкупно 7.483 студенти минатата година завршиле додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, што претставува намалување за 3,5 отсто во споредба со 2021 година, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Ако се направи споредба меѓу факултетите, може да се заклучи дека најмногу студенти минатата година дипломирале на Економскиот факултет при приватниот […]

ЕУ и САД ќе изготват кодекс на однесување со вештачка интелигенција


Еврокомесарката за конкуренција Маргрете Вестагер изјави дека верува оти нацрт кодексот за однесување на генеративната вештачка интелигенција може да биде изготвен „во текот на следните недели“, а договорот да биде потпишан „многу, многу скоро“. Вестагер, која е потпретседателка на Европската комисија, на прес-конференција по состанокот на Советот за трговија и технологија на ЕУ-САД истакна дека […]

Францускиот министер за спорт ја осуди пораката на Ѓоковиќ за Косово


  Францускиот министер за спорт го осуди Новак Ѓоковиќ во средата (31 мај), откако тој напиша порака дека Косово е во „срцето на Србија“ по неговата победа во воведното коло на Ролан Гарос. Тениската суперѕвезда родена во Белград напиша „Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството“ на камерата во понеделникот во Париз во услови […]

ЕЦБ предупредува на неконтролиран пад на цените на недвижностите поради високите камати


Цените на становите во еврозоната би можеле неконтролирано да паднат, бидејќи становите стануваат недостапни за граѓаните и непривлечни за инвеститорите поради високите каматни стапки, предупреди Европската централна банка (ЕЦБ). Тоа е еден од неколкуте ризици истакнати во анализата на ЕЦБ за финансиската стабилност, при што повисоките трошоци за задолжување и побавниот економски раст ги повредуваат […]