Уште една драма во Советот на Битола


  БИТОЛА – Наместо коректна политичка битка, несогласувањата и нападите меѓу претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска и битолскиот градоначалник Тони Коњановски продолжуваат со „тешка артилерија“ од клевети, навреди, вистини и полувистини. Така на денешната седница на Советот на дневен ред за препукувањеа стаса и платата на градоначалникот Коњановски, па претседателката Илиевска рече […]

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу кумановскиот и театарот од Плевен, Бугарија


Директорите на НУЦК „Трајко Прокопиев“ и на драматично-куклениот театар „Иван Радоев“ од Плевен Бугарија, Сашо Тодоровски и Димитар Кабаков, Денеска потпишаа меморандум за соработка помеѓу двата театри. – Се надеваме дека во периодот што следува ќе имаме плодна соработка со овој театар и сигурен сум дека ќе реализираме заеднички претстави во кои би играле актери […]

Хил: САД се апсолутно против потезите на Приштина, ќе има последици


 Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска во Белград изјави дека САД се „апсолутно против“ потезите на владата на косовскиот премиер Албин Курти. Хил потсети на зборовите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Приштина ќе ги сноси последиците за потезите што се спротивни на советите на САД.  – Многу јасно и ставивме до знаење […]

Во Германија ќе бидат затворени четири од петте руски конзулати


Берлин – Германија денеска објави дека и наредила на Русија да затвори четири од нејзините пет конзулати во државата како соодветна мерка откако Москва воведе ограничување на бројот на вработени во Германската амбасада. Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристофер Бургер изјави дека по крајот на годината на Русија ќе и биде дозволено да […]

Премиера на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“, добитник на шест „Цезари“


 Гала филмска вечер со премиерата на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“, ќе се одржи вечер во 20 часот во кино Милениум во организација на Амбасадата на Франција во Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Младинскиот културен центар.  Настанот ќе го отвори францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, и Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје. […]

Отворен ден во археолошкиот локалитет Стоби


Во рамки на проектот „Еуropov platino Stobi, европскто минато и иднина, културни вредности“ денеска во археолошкиот локалитет Стоби се одржа Отворен ден, на кој присутни беа учесници во проектот од земјава и соседна Грција, како и ученици од Велес, Градско, Росоман и Кавадарци. Како што информира за МИА, Марија Џунова портпарол на Националната установа Стоби, […]

Милиони домаќинства и компании во САД немаат пристап до брз интернет


 Повеќе од 8,3 милиони американски домаќинства и бизниси немаат широкопојасен интернет пристап, објави американската Федерална комисија за комуникации (ФЦЦ). Податоците на ФЦЦ се клучни за владините одлуки за финансирање. Во 2021 година, Конгресот одобри грантови од 42,45 милијарди американски долари за држави и територии за проширување на инфраструктурата за широкопојасна мрежа. Дирекцијата за телекомуникации и […]

Маж од Канада се скарал со потстанарите, па ги убил


Маж во Канада пукал и убил млад пар за време на расправија во саботата. Полицијата пристигнала во домот околу 17 часот и 40 минути каде ги пронашла телата на станарите, 27-годишната Кариса Мекдоналд и 28-годишниот Арон Стоун. Тие му биле потстанари на убиецот. Осомничениот, 57-годишен сопственик, се забарикадирал во домот со огнено оружје што му […]

Русија загуби две третини од тенковите во инвазијата на Украина


  Бројот на потврдени загуби на руски тенкови од инвазијата на Украина надмина 2.000. Поради тоа руската армија мора да ги извади од складиштата тенковите од 1950-тите и 1960-тите. Иако не се добро прилагодени за вистински операции со тенкови, тие се користат како артилериска поддршка, истакнуваат аналитичарите. На почетокот на војната, Русија имаше околу 3.000 […]

Опозицијата во Косово побара оставка од Курти и итно свикување на Советот за безбедност


 Во условни на вжештена ситуација во северниот дел на Косово, каде косовските Срби протестираат пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавич, настана тензија меѓу косовскиот премиер Албин Курти и опозицијата во земјата, пишуваат локалните медиуми. Лидерот на опозицијата Рамуш Харадинај од „Алијансата за иднината на Косово“ побара оставка од Курти, објави КосоваПрес, повикувајќи […]

Министерството за култура започна со реконструкција на спомениците од НОБ, првиот е во Штип


Министерството за култура, преку надлежните заводи и музеи, започна со реконструкција и санација на сите споменици и спомен-обележја од Народно-ослободителната борба, на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани коишто се случиле во НОБ и се сведоштво за непокорот и борбата за слобода. Како проект на […]

Почина поранешниот министер и водечки член на ПАСОК Теодорос Пангалос


На 85-годишна возраст почина грчкиот политичар Теодорос Пангалос, поранешен министер, вицепремиер, но и водечки член на партијата ПАСОК, јави дописничката на МИА од Атина. Веста за смртта беше соопштена преку неговиот официјален Твитер профил. Пангалос беше политички активен над 30 години, откако во 1981 година за првпат беше избран за пратеник во грчкиот Парламент, а […]

Фон дер Лaјен: Уставните измени се во корист на земјата


  Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде што учествува на глобалниот безбедносен форум на „Глобсек 2023“. Ковачевски ја потенцирашe заложбата на Владата за исполнување на реформите во клучните поглавја од пристапниот процес во ЕУ и притоа се заблагодари за поддршката од Европската комисија и […]

Ние сме на пат кон конфронтација на големите сили


Она што се обидувавме да го направиме сега е да ја воведеме Кина во одредени системи и, врз основа на нашето искуство, да одредиме како Кина ќе го почитува системот Во текот на два дена кон крајот на април 2023 година, тројца новинари на лондонскиот магазин „Економист“ поминаа повеќе од осум часа во разговор со […]

Ислам Абази на семинар во Рим учи како да гони сериозен криминал


  Делегација предводена од  јавниот обвинител за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, присуствуваше на завршната конференција на Проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан – ИПА 2019” во Рим.   -Во време кога тероризмот и организираниот криминал не познаваат граници и сторителите ги користат сите технолошки иновации на денешницата, нашето оружје треба […]

Ковачевски е рационален оптимист за средбата со Мицкоски


  Премиерот Димитар Ковачевски во изјава за МИА дадена во Братислава вели дека на средбата со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе се разговара за две работи – за одлуките потребни за европската интеграција на државата и за добрососедските односи. „Тоа е нешто што ќе го разговараме со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и со неговиот тим, […]

Објавен е Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2023


НУМ „Струшки вечери на поезијата“ го објави КОНКУРСОТ за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 Јуни 2022 година до 31 Мај 2023 година. Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или […]

Струјата ќе поскапи 13 проценти ако РКЕ ги прифати барањата од компаниите, одлука околу 20 јуни


До Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се пристигнати сите барања за цената на струјата и доколку бидат прифатели тоа би значело нејзино зголемување за 13 проценти, изјави за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимовски. РКЕ во наредниот период ќе ги анализира барањата, а одлуката ќе ја соопшти околу 20 следниот месец. Бислимовски соопшти дека Електродистрибуција […]

На охридскиот аеродром пристигна првиот авион со туристи од Манчестер


Околу 6.000 британски туристи се очекуваат ова лето во Охрид со воведувањето на двете нови авиолинии на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ од аеродромите во Лондон и Манчестер што од денеска почна да ги реализира авиокомпанијата ТУИ ервејс Велика Британија. На официјалната церемонија за пречек на првиот лет од Манчестер, присуствуваа министерот за транспорт и […]

МТСП ги одзеде ингеренциите на Куманово за градинката „Ангел Шајче“, Димитриевски ќе се жали пред суд


Министерството за труд и социјална политика ги одзеде ингеренциите на општина Куманово за поставување директор на градинката „Ангел Шајче“, соопшти на денешната прес-конференција кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Тој најави дека решението ќе го обжали пред надлежен суд. -Во текот на вчерашниот ден до Општина Куманово пристигна решение од Министерството за труд и социјална политика на […]