Маж од Канада се скарал со потстанарите, па ги убил


Маж во Канада пукал и убил млад пар за време на расправија во саботата. Полицијата пристигнала во домот околу 17 часот и 40 минути каде ги пронашла телата на станарите, 27-годишната Кариса Мекдоналд и 28-годишниот Арон Стоун. Тие му биле потстанари на убиецот.

Осомничениот, 57-годишен сопственик, се забарикадирал во домот со огнено оружје што му било регистрирано, соопшти полицијата. Полицајците се обидувале да преговараат со осомничениот неколку часа. Сопственикот пукал неколку пати во полициското возило додека траеле преговорите. Околу 22 часот пријавениот разменил оган со полициски службеник и притоа бил убиен.

CBS News објави дека Мекдоналд и Стоун се вериле. Полицијата соопшти дека сопственикот пукал во нив кога се обиделе да побегнат. Сѐ уште не се познати деталите од спорот меѓу закупеците и станоиздавачот, наводно поврзан со состојбата на куќата.