Град Скопје ќе дава субвенции за замена на азбестни покриви


Град Скопје ќе им помогне на социјално загрозените граѓани да ги заменат старите азбестни покриви на своите домови.

Семејствата од оваа категорија ќе може да добијат средства од Град Скопје во износ од 50 отсто од вредноста на инвестицијата, но не повеќе од 150.000 денари, со вклучен данок.

За овие субвенции од Буџетот на градот се обезбедени 15 милиони денари.