Променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде променливо облачно […]

Познати се сите финалисти на Евровизија, се квалификуваа и Албанија и Словенија


Од втората полуфинална вечер на годинашниов Евросонг што се одржува во Велика Британија, во големото финале се пласираа Албанија, Кипар, Естонија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија. Да потсетиме, од првото полуфинале се пласираа Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка. Така, сите земји од поранешна Југославија кои се натпреваруваат […]

Јужна Африка ја снабдува Русија со оружје, обвини амбасадорот на САД


  Американскиот амбасадор во Јужна Африка во четвртокот ја обвини јужноафриканската влада за доставување оружје и муниција на санкциониран руски товарен брод кон крајот на минатата година, објавија локалните медиуми. „Меѓу работите што ги забележавме беше приклучувањето на товарниот брод во поморската база Сајмон Таун помеѓу 6 и 8 декември 2022 година, за кој сме […]

„Останаа уште 11 години“: Ковачевски одговара уште колку години ќе биде премиер


  „Минатата година рековте во оваа емисија дека ќе бидете уште 12 години премиер. Дали уште мислите така?“ – така го постави последното прашање уредникот Гоце Михалоски до премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на Канал 5. „Да. Така е. Остануваат уште 11 години“ – му одговори Ковачевски. Ова беше финалето на интервјутот  во кое меѓу […]

„Туркиш ерлајнс“ планира да купи дури 600 авиони


„Туркиш ерлајнс“ ќе нарача вкупно 600 нови авиони во јуни, кои ќе бидат испорачани во рок од десет години, изјави во четвртокот претседателот на компанијата Ахмет Болат. Болат рече дека нарачката ќе се состои од 400 авиони со тесно тело и 200 авиони со широко тело, а флотата ќе се зголеми на 810 авиони до […]

Аврамовска Мадиќ: Досега нема предмет за екстрадиција на осудените за „Диво насеље“


Сите осудени лица кои се странски државјани можат да бараат трансфер во матичната држава по Конвенцијата за трансфер на осудени лица со дополнителен протокол и со Законот за меѓународна соработка во кривична материја и други закони кои ги регулира нашата држава, изјави заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во врска со написите во косовските […]

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ јавно шират хистерија, во амбасадата на САД „предат како мачиња“


Предвремени избори нема да има, дециден е премиерот Димитар Ковачевски. Тој е убеден дека до ноември ќе бидат донесени уставните измени. Во вечерашното гостување на Канал 5, Ковачевски уште еднаш порача дека сите политички партии треба да го поддржат зачленувањето на земјава во ЕУ.  -Секогаш верувам дека стратешката цел е остварлива.Уставните измени ќе бидат доставени […]

Се урна пешачки мост во Финска – повредени 27 малолетници


  При уривање на привремен пешачки мост во финскиот град Еспо повредени се 27 малолетни лица. Десетмина од повредените се во тешка здравствена состојба. Најголем дел од повредените се осмоодделенци. Според очевидци, на градилиштето бил изграден пешачки мост кој води до еден од трговските центри. 🔴 Espoon sillan romahduksessa loukkaantui noin 27 nuoren koululaisryhmä – […]

(Во живо) Втора полуфинална вечер на Евровизија во Ливерпул


Вечерва, од 21 часот, е второто полуфинале на 67. Евросонг во Ливерпул, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и британскиот сервис Би-би-си. Годинава на Евровизија учествуваат 37 земји, под слоганот„Обединети од музиката“ (United By Music) , односно три помалку од минатата година, откако покрај Македонија, учеството го повлекоа и Бугарија и Црна Гора. Првите петнаесет […]

Помалите оброци се поважни од времето на јадење


Приврзаниците на наизменичното постење веројатно нема да бидат среќни поради оваа вест: студијата објавена пред неколку дена во Журналот на Американското здружение за срце покажа дека учесниците кои јаделе помалку во текот на подолг временски период изгубиле тежина, за разлика од учесниците кои внимавале само на времето кога треба да го изедат својот оброк, а […]

Си сечат дрвја на Водно, Герасимовски со сите надлежни на терен


Денеска, надлежните од Општина Центар, спречиле нелегална градба и понатамошна сеча на дрвја. Како што соопштија од Цетар, инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар при вршење на вонреден инспекциски надзор, по пријава на граѓани, затекнаа исечени здрави дрвја на парцела во приватна сопственост. На предметената локација не се затекнати сторители, а дел […]

Повеќето смртни случаи од КОВИД-19 можеби се поради поинаква инфекција, открива нова научна студија


  КОВИД-19 повеќе не е пандемија, но научниците сè уште работат напорно за да разберат повеќе за вирусот што ја предизвикува болеста и неговото влијание, вклучително и како новиот коронавирусот влијае на телото и предизвикува смрт. Висок процент од луѓе на кои им беше потребна поддршка од респиратор поради КОВИД-19, исто така развиле секундарна бактериска […]

За да биде вклучена и Украина во истрагата за падната ракета на полска територија, Дуда смета дека треба да се договорат Полска и САД


Полскиот претседатател Анджеј Дуда одговарајќи на новинарско прашање околу барањето на Украина за пристап до местото на експлозијата на ракета на полска територија рече дека процедурите ги спроведуваат полски и американски експерти и оти потребна е согласност од двете страни, јави агенцијата Балканвеб. Истиот извор наведува дека Украина соопштила дека сака непосреден пристап до местото […]

Еурофарм Пелистер прв финалист во македонскиот ракометен Куп


 Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога вечерва во полуфиналната пресметка против Тинекс Пролет и со победа од 28-21 обезбедија пласман во дуелот за трофејот во македонскиот Куп во ракомет во машка конкуренција. Во ниту еден момент од натпреварот во Охрид не беше доведена во прашање победата на битолскиот состав, кој веќе на полувреме […]

СЗО: Мајмунските сипаници повеќе не се глобална закана


Светската здравствена организација соопшти дека мајмунските сипаници повеќе не претставуваат глобална „здравствена вонредна состојба“, ставајќи крај на речиси една година тревога поради вирусната болест, со потврдени случаи во повеќе од сто земји. Организацијата во јули 2022 година ги прогласи мајмунските сипаници за меѓународна итна здравствена состојба и ја поддржа својата позиција во ноември и февруари. […]

Уапсени лица во Тетово и Гостивар за сексуална екслоатација на деца


Во голема полициска акција во Тетово и Гостивар која уште е во тек, уапсени се десетина лица поради сексуална експлоатација на дете. Од МВР ја потврдуваат акцијата, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

Комисијата за европски прашања утре ќе ја продолжи расправата за измените на Законот за работни односи


Собраниската Комисија за европски прашања и во попладневниот дел од работата по дневниот ред на денешната седница ја продолжи расправата по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка. Расправата ќе продолжи утре. Во текот на попладневната расправа говореа пратеници од опозицијата кои ги прашуваа нивните колеги од владејачките партии […]

Се зголемуваат платите на здравствените работници, потпишан анексот кон колективниот договор


Се зголемуваат платите на здравствените работници, министерот за здравство Фатмир Меџити и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски, денеска го потпишаа анексот за изменување и дополнување на колективниот договор во јавните здравствени установи.   – Станува збор за зголемување на платите предвидено, почнувајќи со исплатата на месец мај 2023 […]

Вечерва е второто полуфинале на Евровизија, овие 16 земји бараат пат до финалето


Откако се познати имињата на првите десет полуфиналисти на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, за денеска е закажана втората полуфинална вечер каде ќе видиме 16 нови изведувачи кои исто така ќе се обидат да си го најдат своето место во големото финале во сабота. Во второто полуфинале ќе настапат претставниците на Данска, Ерменија, Романија, […]