Си сечат дрвја на Водно, Герасимовски со сите надлежни на терен


Денеска, надлежните од Општина Центар, спречиле нелегална градба и понатамошна сеча на дрвја.

Како што соопштија од Цетар, инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар при вршење на вонреден инспекциски надзор, по пријава на граѓани, затекнаа исечени здрави дрвја на парцела во приватна сопственост.

На предметената локација не се затекнати сторители, а дел од дрвата на парцелата биле веќе исечени.

Општинските инспектори ги повикале сопствениците на парцелата и извршен е информативен разговор со нив, за што сопствениците ги информирале дека се оградуваат и дека тие не ја извршиле сечата. Сопствениците на парцелата исто така се задолжени од инспекторите да ја донесат целосната документација на увид во Секторот за инспекциски работи на Општина Центар.

Од страна на Општина Центар на локацијата повикани се сите надлежни институции, ЈП „Паркови и зеленило“, Шумската полиција и пријавен е во полиција и веќе на терен се инспектори од МВР, со цел да се дознае кој и зошто ја извршил сечата на дрва, а сопствениците со целосната документација се повикани на разговор во Секторот за инспекциски работи на Општина Центар.

Како што напиша Герасимовски на Фејсбук, денеска спречиле незаконско градење и нелегална сеча на дрвја на Водно во два одделни случаи.

Во првиот случај станува збор за четири парцели во приватна сопственост кои се надвор од ДУП и ГУП и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја и каде деновиве се одвивале градежни дејствија. 

Двата случаи Секторот за инспекциски работи ги запреа и ги повикаа сопствениците на разговор во текот на утрешниот ден со соодветна документација за утврдување на следни чекори.