Познати се сите финалисти на Евровизија, се квалификуваа и Албанија и Словенија


Од втората полуфинална вечер на годинашниов Евросонг што се одржува во Велика Британија, во големото финале се пласираа Албанија, Кипар, Естонија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија.

Да потсетиме, од првото полуфинале се пласираа Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка.

Така, сите земји од поранешна Југославија кои се натпреваруваат оваа година се пласираа во финалето на Изборот за песна на Евровизија.

Откако од првата полуфинална вечер во финалето се пласираа хрватските претставници Лет 3 и српскиот претставник Лук Блек, вечерва во второто полуфинале тоа го сторија и словенечките претставници, момците од бендот Џокер аут.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)