Огромната дупка во рускиот буџет стигна до нов рекорд

Буџетскиот дефицит за првите четири месеци е веќе поголем од оној за целата 2022


 

Дефицитот на буџетoт на Русија за првите четири месеци изнесува 3,4 билиони рубљи (44,4 милијарди долари), според прелиминарните податоци објавени од Министерството за финансии. Ова е за половина билион повеќе од годишниот план (2,9 билиони рубљи – 37,8 милијарди долари) и дури малку повеќе отколку за целата минатата година, кога дефицитот изнесуваше рекордни 3,345 билиони рубљи.

Буџетските приходи во периодот јануари-април изнесуваат 7,78 билиони рубљи (101 милијарди долари) – 22% пониски од претходната година. Приходите без нафта и гас дури пораснаа во споредба со минатата година: 5,5 билиони рубљи, или 5%.

„Нафтата и гасот нè уништуваат“, рече министерот за финансии Антон Силуанов во април, истакнувајќи дека иновациите во оданочувањето на индустријата ќе помогнат да се поправи ситуацијата. Попустот на руската нафта Урал до реперот Брент е ограничен од април, но резултатот сè уште не е импресивен.