Научниците развија „космички бетон“ за изградба на живеалишта на Марс


Повеќе од 50 години ниту една човечка нога не стапнала на Месечината, а сега човештвото се подготвува за нов голем чекор во истражувањето на вселената. Месечината, а потоа и Марс ќе станат првите дестинации за човечки живеалишта. Научниците тестирале различни материјали за градење живеалишта на Марс. Иновацијаta на ова поле доаѓа од научниците од Универзитетот […]

На Путин веројатно нема да му се суди, но тој стана меѓународен отпадник


  Меѓународниот кривичен суд (МКС) го направи претседателот Владимир Путин човек од потерница. Русија не е членка на МКС и не се очекува дека некој осомничен ќе биде предаден. Но, налогот ќе го направи рускиот претседател меѓународен отпадник и ќе му го отежне патувањето, особено во која било земја што е приклучена кон МКС. Членовите […]

Пендаровски: Процесот на приближување кон ЕУ се одвива со задоволително темпо во оваа фаза


 Актуелните состојби поврзани со европските аспирации на Република Северна Македонија, реформскиот напредок во клучните области, како и политичките состојби во земјава и во регионот биле теми на денешната средба во Вила „Водно’, на претседателот Стево Пендаровски и Жозеп Борел, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија. […]

Борел за налогот за апсење на Путин: Одговорните за агресијата врз Украина мора да бидат изведени пред лицето на правдата


Европската унија секогаш ставаше јасно до знаење дека одговорните за незаконската агресија врз Украина мора да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави вечерва во Скопје високиот претставник на ЕУ за надворешни политика и безбедност Жозеп Борел, коментирајќи го издадениот налог на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. – Меѓународниот кривичен […]

(Галерија) Златна Бубамара ја загреа атмосферата и на евтина и на скапа тарифа


  Во духот на енергетската криза, годинашната 26. „Златна бубамара на популарноста“, во малку временски потскратено издание и без Сашко Коцев, влезе во нова фаза, но со старите амбиции и под мотото „Да штедиме, но да не се штедиме“. И не се штедеше во синоќешната три ипол часовна програма во полната сала „Борис Трајковски“ – […]

Патрик Виера доби отказ од клупата на Кристал Палас


Легендарниот Патрик Виера повеќе не е менаџер на Кристал Палас, потврдија денеска од клубот, на само два дена пред натпреварот против Арсенал. Заедно со него клубот го напуштија и тројца членови на стручниот штаб, а остана само тренерот на голманите, кој ќе соработува со новиот менаџер. „Со големо жалење дојдовме до оваа тешка одлука. Резултатите […]

Малцински јазици: Во Германија не се зборува само германски


Во Германија не се зборува само германски јазик. Седум регионални и малцински јазици во земјата се под посебна заштита. Весници, радио и телевизиски емисии, дури и сопствени училишта и образование – признатите национални малцинства во Германија се обидуваат да ги одржат во живот своите разнолики јазици. Во Германија има вкупно четири признати малцинства: данското малцинство, […]

НАСА фотографираше можна локација на Месечината за слетување на мисијата Артемида III


Американската вселенска агенција НАСА, поточно нејзиниот Lunar Reconnaissance Orbiter (LRO), фотографираше можна локација за слетување на астронаутите на Месечината во мисијата Артемида III, која е дел од програмата Артемис. LRO беше лансиран во јуни 2009 година и обезбедува поглед на Месечината од тогаш. Сондата има седум инструменти, вклучително и LRO Camera (LROC), која прави црно-бели […]

Ковачевски, Борел и Лајчак со авион пристигнаа во Охрид за претстојниот дијалог помеѓу Србија и Косово


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан Мирослав Лајчак, пристигнаа во Охрид во пресрет на утрешниот дијалог меѓу Србија и Косово, соопшти владината прес-служба. Премиерот Ковачевски е домаќин […]

Дани Алвеш штрајкува со глад откако сопругата објави дека се разведува


Поранешниот фудбалер на Барселона, Дани Алвеш штрајкуваше со глад во затвор, откако неговата сопруга Џоана Санз поднесе барање за развод. Ова беше објавено во програмата „Куатро ал диа“, која се емитува на ТВ каналот „Куатро“. Алвеш не јаде ништо откако бил информиран за одлуката на неговата сопруга. Спортистот е целосно уништен и многу нервозен поради оваа одлука. Не […]

Младите од Северна Македонија можат да аплицираат за бесплатни билети за патување низ Европа


Европската комисија објави повик за бесплатен билет за воз за патување низ Европа, на кој може да се пријават и младите од Северна Македонија. Пријавите за учество во иницијативата Откријте ја ЕУ- Discover EU ќе траат до 29 март, а 35.000 избрани кандидати ќе добијат бесплатна пропусница, јави дописникот на МИА од Белград. Поканата е […]

МОН: Испитниот материјал за државната матура е соодветен


 Испитниот материјал за полагање на државната матура во учебната 2022-2023 е соодветен на случувањата во училиштата во целиот изминати период на образование на оваа генерација матуранти. Испитните комисии кои ги подготвуваат прашањата, имаат предвид дека наставата повремено се организираше онлајн поради пандемијата со Ковид и поради заканувачките дојави, а повремен прекин се случи и поради […]

Кремљ по налогот за апсење на Путин: „Ова е срамота и неприфатливо“


Русија не ја признава јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако тоа тело издаде налог за апсење на претседателот на земјата, Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги смета одлуките на судот „ништовни и неважечки“ и дека прашањата што ги поставува судот се „срамота и неприфатливи“. На прашањето […]

Билетот од 49 евра во Германија доби зелено светло


Од 1 мај граѓаните треба да можат да го користат локалниот превоз низ Германија за 49 евра месечно. Бундестагот сега одобри делумно финансирање на билетот наречен Deutschlandticket, пренесуваат германските медиуми. Членовите на „Семафор-коалицијата“ го одобрија предлог-законот на министерот за транспорт Волкер Висинг (FDP), левицата беше воздржана, а Унијата и AfD гласаа против. Според донесената одлука, […]

Дигитализацијата во лозарството отвора нови перспективи за „Тиквеш“: Интервју со Џовани Бигот


  Винарската визба „Тиквеш“ го трасира патот кон дигиталната иднина на производството на грозје и вино што ќе има позитивно влијание врз натамошниот одржлив развој на домашното лозарство и македонската винска индустрија во целина. За таа цел деновиве беше промовирана соработката со една од најреномираните светски консултантски компании во областа на лозарството – „Перлеуве“ (Perleuve) […]

ЕУ со 9 милиони евра ќе го поддржи процесот на опремување и модернизација на Армијата


Министерката Славјанка Петровска денеска имаше средба со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел кој престојува во посета на Северна Македонија. Високиот претставник на Унијата, Борел за време на свечениот пречек се поздрави со дел од припадниците на Армијата кои учествувале во операцијата на ЕУ во БиХ и мисијата на ЕУ […]

Македонија го поддржува дијалогот Белград – Приштина, му кажал Пендаровски на Лајчак


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан и дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, кој престојува во посета на Република Северна Македонија. На средбата се разговараше за најновиот развој на настаните во регионот на Западен Балкан, за состојбите во Косово и очекувањата од дијалогот Белград-Приштина, за влијанието на руската инвазија […]

Во Париз повеќе од 10.000 тони ѓубре на улиците


Над 10.000 тони ѓубре има на улиците на Париз поради штрајкот на градските работници за собирање смет, соопштија денеска градските власти. Властите на социјалистичката градоначалничка на Париз, Ан Идалго, посочија дека ниту еден камион за собирање ѓубре не излегол на улиците. Тие 12 дена штрајкуваат против реформата на пензискиот систем со која се предвидува пензионирање […]

Лекови за ретки болести наместо од трговци, ќе можат да се набавуваат директно од производители


Отсега па натаму ќе биде можно директно да се набавува извесен лек преку договор меѓу државата и производителот на иновативен лек што го патентирал и кој нема конкуренција на пазарот. Ова досега не беше можно, односно набавката на лекови одеше единствено преку јавни набавки и договори со трговци на лекови. Собранието синоќа донесе Закон за […]

Млади направија апликација за пребарување на најблиската аптека со најевтин лек


Симеон Маркоски, Ева Аговска и Михаил Мојсоски од старт-ап организацијата „Startier“ се тројцата млади таленти кои ја изработија апликацијата „Најди Аптека“, преку која граѓаните можат едноставно и брзо да дојдат до информација за цената на лековите и медицинските производи во аптеките, како и за најблиската аптека до нив. Мета.мк разговараше со двајца од тричлениот тим – […]